Back HELP курсот за борба против говор на омраза и злосторства од омраза сега е достапен и на македонски јазик

HELP курсот за борба против говор на омраза и злосторства од омраза сега е достапен и на македонски јазик

Во неделата на одбележување на Меѓународениот на човековите права, во Скопје беше промовиран HELP курсот за борба против говор на омраза и злосторства од омраза, кој наскоро ќе биде достапен и на македонски јазик.

Во соработка со Адвокатската комора на Северна Македонија, овој курс ќе започне наскоро да се спроведува со адвокати, адвокатки и правници и правнички, кои ќе бидат првата група која ќе го слуша овој курс на македонски јазик.

Присутните беа поздравени од Јелена Ристиќ, потпретседателка на Адвокатската комора, која им даде краток осврт на курсот и неговата реализација, додека Марија Андреева, проектна раководителка при Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, го претстави проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“ и достигнувањата и резултатите на проектот. Јасминка Перуничиќ – Ален, проектна раководителка на „HELP во Западен Балкан“ елаборираше за платформата HELP и различните курсеви и резултати.

Настанот исто така беше добра можност за адвокатите и правниците да разговараат за состојбата со говорот на омраза и криминалот од омраза во земјата, особено за правната рамка.

HELP курсот за борба против говор на омраза и злосторства од омраза е заедничка иницијатива на проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“, како дел од заедничката програма на ЕУ  и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III”, и „Европската програма за образование за човекови права за правници“ (HELP).

Скопје, Северна Македонија 15 декември 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page