Back Подобрување на соработката помеѓу новинарите и полицијата во Северна Македонија, со цел подобра отчетност и транспарентност

Подобрување на соработката помеѓу новинарите и полицијата во Северна Македонија, со цел подобра отчетност и транспарентност

Заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС)“, во соработка со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), организираше интерпрофесионален семинар со новинар(к)и и претставници/чки на Министерството за внатрешни работи (МВР) на Северна Македонија, со цел да дискутираат за заедничката соработка кон подобра отчетност и транспарентност на МВР.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи (Помошник на Министерот, за односи со јавност), г-дин Тони Ангеловски во својата презентација се фокусираше на алатките кои Министерството за внатрешни работи ги користи за да ги информира граѓан(к)ите и новинар(к)ите, односно поконкретно официјалниот билтен на Министерството за внатрешни работи. Тој ги презентираше јаките и слабите страни на оваа алатка, како и достапноста на Министерството со цел обезбедување информации за новинар(к)ите и добро информирање на јавноста воопшто. На другата страна, претставникот на новинар(к)ите, г-дин Огнен Чанчаревиќ, новинар, го истакна навременото и точно споделување информации како предуслов за објективно информирање. Двете страни се согласија дека треба да продолжат да работат заедно, и да изработуваат водичи и анализи со кои ќе се придонесе кон подобрување на соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи и новинар(к)ите со единствена цел – подобра отчетност и транспарентност.

Меѓународната експертка на Советот на Европа, г-а Мирјана Поповиќ, дополнително придонесе кон овој семинар така што говореше за релевантните Европски стандарди во областа на слободата на изразување, како и за конкретни препораки и насоки од Советот на Европа за заштита и безбедност на новинар(к)ите. Таа истакна дека треба да се повтори потребата од меѓусебно почитување помеѓу полицијата и медиумите со цел да се продлабочи демократијата и да се зајакне безбедноста на новинар(к)ите. Взаемната почит и соработка помеѓу полицијата и медиумите, придонесува кон градење силна соработка помеѓу заедницата и полицијата исто така. Оваа соработка е важна бидејќи заедниците се потпираат на полициските служби за заштита, но и обратно полициските служби се потпираат на заедниците. Во продолжение на презентацијата, г-а Поповиќ презентираше практични примери на добра соработка помеѓу полицијата и новинар(к)ите во регионот, посочувајќи соодветни формирани тела и измени и дополнувања на закони кои се на сила во Црна Гора и Србија.

Размената на знаење и пракса во текот на овој интерпрофесионален семинар ќе биде дел од анализата која ќе ја објави Здружението на новинари на Македонија, со поддршка на проектот ЈУФРЕКС. Анализата „Подобрување на соработката помеѓу новинар(к)ите и полицијата со цел поголема отчетност и транспарентност“ ќе биде достапна на македонски, албански и англиски јазик.

Овој интерпрофесионален семинар беше организиран во рамки на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“ и проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС)“ во соработка со партнерската организација Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Скопје (хибриден настан) 16 март 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page