Back Подобрување на животот на луѓето во Северна Македонија преку подобра заштита на човековите права и поефикасен правосуден систем

Подобрување на животот на луѓето во Северна Македонија преку подобра заштита на човековите права и поефикасен правосуден систем

Заштитата на основните човекови права и подобар пристап до ефикасен правосуден систем за граѓаните на Северна Македонија е од суштинско значење за да се изгради подемократско и инклузивно општество. Европската унија и Советот на Европа преку заедничката програма „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022“ ги поддржуваат континуираните напори на властите во Северна Македонија за понатамошно усогласување со европските стандарди во оваа област.

По повод првиот состанок на управниот одбор на корисниците на Horizontal Facility II што се одржа денес во Министерството за надворешни работи во Скопје, сите партнери на програмата ја потврдија својата заложба да продолжат да ги придружуваат нивните напори за унапредување на клучните реформи во земјата.

Директорот за мултилатерални работи и соработка, Тони Павлоски ја поздрави средбата во просториите на Министерството за надворешни работи, изрази уверување во институционалниот капацитет за спроведување на проектните активности на тој начин, придонесувајќи за одржливи промени во институционалните практики и ефикасно спроведување на правната рамка.

Никола Бертолини, Раководител за соработка, Делегација на Европската унија во Северна Македонија, се фокусираше на важноста на програмата за Северна Македонија. „Horizontal facility е клучен инструмент за зајакнување на човековите права, зголемување на капацитетот на судиите и обвинителите, свесност за злосторства и терористички активности, подобрување на управувањето со затворите и третманот меѓу другите“ рече Бертолини во своето обраќање.

Во своите забелешки, Пилар Моралес Фернандез Шо, шеф на Секторот за програми, Канцеларија на Генералниот директорат за програми на Советот на Европа се осврна на одржливоста на проектите преку продолжување на постигнатите резултати во првата фаза на Horizontal Facility. „Сопственоста од страна на властите, натамошната посветеност и институционалното следење ќе останат клучни за одржливоста на резултатите од нашата соработка. Ова е начин да се осигури дека не само што се донесуваат закони во согласност со европските стандарди, туку и дека во реалноста тие ефикасно се спроведуваат “. истакна Моралес.

Втората фаза од програмата „Horizontal Facility“, што ќе се спроведе помеѓу 2019 и 2022 година, финансирана со 41 милиони евра, ќе продолжи да развива важни иницијативи кај сите корисници на Западен Балкан, вклучително и Албанија, Босна и Херцеговина, Косово *, Црна Гора, Северна Македонија , Србија, како и Турција. Во Северна Македонија, издвоени се 4,1 милиони евра за шест активности, опфаќајќи ги сите главни области на Horizontal Facility II, вклучувајќи: борба против трговијата со луѓе, зајакнување на слободата на медиуми и слобода на изразување, решавање на радикализација во затворите, борба против дискриминација, обезбедување пристап до бесплатна правна помош, подобрување на казнено-поправниот систем и борба против економскиот криминал.

Повеќе информации за Horizontal Facility
Марија Симиќ - Регионален службеник за комуникација - Horizontal Facility II
тел: 00381 63 60 13 37 ; е - маил: Marija.SIMIC@coe.int;
Бесник Бака – Службеник за комуникација за Horizontal Facility II
тел: 00355 69 21 78 430, е - маил: Besnik.BAKA@coe.int

*Оваа ознака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата на ОН 1244 и Мислењето на МСП за косовската декларација за независност.

Скопје 27 февруари 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page