Back Фокус групи со осврт на напредокот во имплементацијата на образовната стратегија

Фокус групи со осврт на напредокот во имплементацијата на образовната стратегија

Неодамнешните фокус групи организирани од проектот „Квалитетно образование за сите“ на Советот на Европа, а финансиран од Германија, имаа клучна улога во спроведувањето на детална анализа на образовниот систем, со цел да се подобри демократската култура, еднаквоста и инклузивноста во образованието. Овие сесии беа во целост усогласени со анализата на Извештајот за Мапирање на имплементација на Стратегијата за образование 2018-2025 како и соодветниот Акциски план.

Една од главните цели на овие сесии беше да се осигура дека креаторите на образовните политики, институциите и професионалците активно ја применуваат постоечката рамка на политики за да гарантираат инклузивно и висококвалитетно образование за сите. Овој значаен напредок е поттикнат од два клучни резултати: изработка на Извештај за Мапирање и препораки за политики за имплементација на Стратегијата за образование и Акцискиот план, со посебен фокус на демократската култура, човековите права и инклузивно и мултикултурно образование.

На ниво на креатори на политики, проектот има за цел да го подобри капацитетот на креаторите на политики за дизајнирање инклузивни и демократски образовни политики кои се во согласност со Стратегијата за образование (2018-2025). Оваа активност за мапирање ќе помогне во подготовката на идни интервенции.

За да се обезбеди сеопфатен придонес и повратни информации, главните засегнати страни беа охрабрени активно да се вклучат во нашиот проект. Беа спроведени низа добро подготвени фокус групи за да се презентираат првичните наоди од истражувањето. Овој интерактивен пристап им овозможи на учесниците да придонесат со вредни согледувања и квалитетни идеи од особена важност за проектот.

Трите фокус-групи одржани од 24 до 26 октомври 2023 година беа клучни за придвижување на овие процеси. На овие сесии имаше фокус група со членови на Советодавниот Одбор на проектот кои одиграа клучна улога во обликувањето на насоката на образовната политика, соработка со избраните пилот училишта кои директно допринесуваат за инклузивно и мултикултурно образование и со претставници од општините кои заедно работат за засилување на соработката во образованието на локално ниво.

Овие фокус групи послужија како катализатори за суштински дискусии, темелно истражувајќи ги наодите од анализата на документацијата поврзана со мерките и активностите од усвојувањето на националната стратегија за образование. Преку оваа соработка, образованието има потенцијал и јасна насока за патот кон поинклузивно и поквалитетно образование достапно за сите.




 

 

Скопје, Северна Македонија октомври 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page