Back Меѓународни студенти дискутираат за политиките против трговија со луѓе и мерките за заштита на жртвите во Северна Македонија

Меѓународни студенти дискутираат за политиките против трговија со луѓе и мерките за заштита на жртвите во Северна Македонија

Група од 12 меѓународни студенти од правната клиника за меѓународни човекови права при Универзитетското училиште за напредни меѓународни студии Џон Хопкинс беа во посета на Северна Македонија со цел да научат повеќе за примената на меѓународните стандарди и норми против трговија со луѓе. Во рамки на проектот насловен „Закон за меѓународни човекови права и трговија со луѓе: Случајот на Северна Македонија“, студентите се здобиваат со практично искуство преку комуникација со професионалци, владини претставници, и претставници од НВО од државата избрана за овој случај.

Северна Македонија беше избрана како држава која се обврзала со начелата на човековите права, и која веќе ги спроведува“ – рече Професорот Стивен Шнебаум на состанокот со Клубот на пратенички, кој ги придружува студентите во нивната посета. Тој појасни дека целта била да се направи проценка на влијанието кое инструментите за човекови права го имаат врз оваа држава. Врз основа на нивната теренска посета и теоретската анализа, Клиниката за човекови права ќе подготви извештај со нивните наоди, кој би требало да биде објавен во мај оваа година.

Парламентарката Снежана Калеска-Ванчова потврди дека нацрт законската регулатива против трговијата со луѓе била подготвена врз основа на меѓународните стандарди. Таа ја нагласи важноста на законот за државна надомест за жртви на насилни кривични дела, чие усвојување е ставено пред Парламентот, како и клаузулата за „неказнивост“ за жртвите на трговија со луѓе, донесена пред 3 години, со која жртвите на трговија со луѓе се ослободуваат од казна за кривични дела поврзани со нивниот статус на жртви.

Парламентарката Гордана Силјановска-Давкова говореше за Уставните гаранции против принудната работа, со кои се штитат достоинството и интегритетот на индивидуата. „Заштитата на човековите права е приказна без крај“ – рече таа, осврнувајќи се на новите предизвици и ризици од злоупотребата на човековите права.

Исто така, спомнати беа потребата за ефективно кривично гонење и казнување на трговците со луѓе, како и обезбедување надомест за жртвите на трговија со луѓе. Студентите беа заинтересирани да дознаат дали се распределени соодветни средства за активностите против трговијата со луѓе, што е сторено за да се обезбеди професионална независност на чинителите во борбата против трговијата со луѓе, и чувањето на „институционалната меморија“.

Раководителката на проектот „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија“, Јасмина Димитриева зборуваше за исходите и резултатите од овој проект, ставајќи акцент на активностите во кои е вклучена родовата перспектива. Таа нагласи дека со тоа што им се овозможува на жртвите на трговија со луѓе да добијат надомест од државата беше важно за да се зајакнат нивните права.

На брифинг состанокот со Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Оперативната директорка, Лејла Дервишагиќ, зборуваше за работата на Советот на Европа на полето на борбата против трговијата со луѓе, и улогата што ја има како организација која ги воспоставува стандардите и врши мониторинг.

Во текот на посетата, студентите имаа можност да постават прашања и да слушнат повеќе за Конвенцијата на Советот на Европа против трговија со луѓе и механизмот за нејзин мониторинг – Групата на експерти за акција против Трговијата со луѓе (ГРЕТА). Тие исто така добија информации за начинот на кој проектот на Хоризонталниот Инструмент II на ЕУ и Советот на Европа во Северна Македонија ги поддржува властите во обезбедување на почитување на гореспоменатата Конвенција и препораките на Грета зададени во нивните мониторинг извештаи за Северна Македонија.

Проектот „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија“ е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II“ кој за цел има да им помогне на корисниците во Западен Балкан и Турција да го почитуваат правото на Европската Унија во рамки на процесот на проширување.

Скопје 21 јануари 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page