Интерпрофесионален семинар со новинар(к)и и адвокат(к)и од Северна Македонија беше одржан со цел размена на идеи и зголемување на знаењето на тема „Стратешки тужби против јавното учество (SLAPPs), компаративни искуства и пракса за препознавање и превенција“.
Организиран од страна на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“, семинарот беше уникатна иницијатива за заедничко присуство на новинар(к)и и адвокат(к)и кои дискутираа за тековната состојба и идните активности во делот на тужбите против јавното учество кои имаат за цел да ги заплашат и финансиски исцрпат тужените новинар(к)и или медиуми. Кога таквите тужби се покренати од политичар(к)и или носител(к)и на јавни функции, тужбите може да предизвикаат страв и самоцензура кај новинар(к)ите со што директно се влијае на правото на граѓан(к)ите да бидат информирани.
Двајца меѓународни експерти од Советот на Европа на тема SLAPPs имаа презентации на неколку клучни аспекти: зошто SLAPPs станаа сериозна закана за новинар(к)ите, кои се достапните анализи, препораки и легислатива на темата, како да препознаеме SLAPP тужба, како треба медиумите да реагираат на SLAPPs и кога треба да побараат поддршка, која е улогата на адвокат(к)ите и суди(јк)ите кога станува збор за случаи на SLAPP и споделија практични и постојни примери на SLAPPs.
Ова стратешко партнерство со граѓанското општество, преку Договор за грант со Здружението на новинари на Македонија во рамки на Хоризонталниот инструмент II, ни помага заеднички да дефинираме теми и цели од заеднички интерес така што ќе ги адресираме тековните проблеми и потреби. Така, овој интерпрофесионален семинар ги поддржа актуелните заложби на Советот на Европа по формирањето работна група која ќе работи на подготовка и прилагодување на Препорака за SLAPPs.
Овој интерпрофесионален семинар беше организиран во рамки на проектот “Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија”, и заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“.