Back Судии/јки, јавни обвинител(к)и и полициски службеници/чки од Северна Македонија ги зајакнаа своите капацитети во делот на Европските стандарди за заштита и безбедност на новинар(к)ите

Судии/јки, јавни обвинител(к)и и полициски службеници/чки од Северна Македонија ги зајакнаа своите капацитети во делот на Европските стандарди за заштита и безбедност на новинар(к)ите

Суди(јк)и, јавни обвинител(к)и и полициски службеници/чки од Северна Македонија присуствуваа на Каскадната обука на тема заштита и безбедност на новинар(к)ите, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија, а со поддршка од заедничкиот проект на ЕУ и Совет на Европа „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС)“. Оваа каскадна обука беше конкретно фокусирана на темата заштита и безбедност на новинар(к)ите.

Следејќи ја ЈУФРЕКС методологијата, меѓународната експертка од Советот на Европа даде клучни видувања на темата заштита и безбедност на новинар(к)ите. Презентацијата имаше за цел да им помогне на учесниците/чките да ги разберат ризиците по новинар(к)ите и да поттикне дискусија за предизвиците во делот на безбедноста на новинар(к)ите во Северна Македонија. Учесниците/чките се запознаа со релевантните Препораки од Советот на Европа и Европската Комисија за заштита и безбедност на новинар(к)ите и другите медиумски актери, како и со ХЕЛП онлајн курсот на истата тема.

Во продолжение, локалниот експерт говореше и презентираше за локалната легислатива и случувањата на тема безбедност и заштита на новинар(к)ите, како и за домашната судска пракса како надополнување на презентацијата на меѓународната експертка која говореше за судската пракса на Европскиот суд за човекови права.

Учесниците/чките земаа активно учество на оваа интерактивна каскадна обука и преку работата во групи на студии на случај и размената на искуства за време на дискусиите, ја разбраа подобро улогата на новинар(к)ите во едно демократсто општество и како секој од нив подобро да ги исполнува своите должности во случаи и постапки кои се однесуваат на новинар(к)и.

Овој настан беше организиран во рамки на Договорот за грант со Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија за проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2)“. Овој проект е дел од заедничката програма на Европската Унија/Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II“, која им овозможува на корисниците да ги спроведат реформските планови во областите човекови права, владеење на правото и демократијата, и да се усогласат со европските стандарди, вклучително, по потреба, во рамки на процесот на проширување на ЕУ.

Маврово 24 - 26 август 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page