Back Клучните актери на Надворешниот механизам за контрола во Северна Македонија беа обучени за независна истрага и дискутираа за предизвиците

@ Council of Europe

@ Council of Europe

На 13-14 октомври 2021 год. во Скопје се одржа обуката за спроведување независна и ефикасна истрага по претставки против полицијата и затворската полиција, на која учествуваа клучните претставници кои се дел од Надворешниот механизам за контрола (НМК). Фокусот на обуката беше ставен на обврските на државата кон членот 2 и 3 од ЕКЧП, како и судската пракса на ЕСЧП, другите меѓународни стандарди, постојните системи за истрага и механизми против несоодветно постапување.

Се дискутираше и за најдобрите практики и споредбените искуства, каде учесниците претставија конкретни решенија во националниот контекст, кои би ги адресирале предизвиците на НМК. Имаше консензус за потребите за промени во законодавството, во делот на изборот на претставниците на организациите на граѓанското општество и нивното интегрирање во НМК, како и ангажирањето повеќе истражители кои ќе работат со обвинителите. Советот на Европа ќе продолжи со поддршката за вклучените страни во постигнување на овие цели, преку планираните активности во идниот период.

На обуката активно учествуваа вкупно 15 учесници, односно обвинителите на Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, претставниците на Народниот правобранител кои работат на НМК, претставниците на граѓанското општество, помошник-министерот за внатрешни работи (МВР), како и високи службеници на Одделението на МВР за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Овој настан беше организиран во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, кој се кофинансира од Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022” и се спроведува од Советот на Европа.

Скопје 15 октомври 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page