Back Најнови случувања од работата на Советот на Европа на тема Стратешки тужби против јавното учество

Најнови случувања од работата на Советот на Европа на тема Стратешки тужби против јавното учество

„Стратешки тужби против јавното учество“ (СЛАПП) се правни постапки кои се злоупотребуваат со цел замолчување на новинар(к)ите и на медиумските куќи. Овој растечки тренд има „ефект на одвраќање“ врз новинар(к)те, ја попречува нивната улога како јавни чувар(к)и во демократските општества и го повредува правото на јавноста да биде информирана.

Комитетот на експерти за СЛАПП, основан од Комитетот на Министри на Советот на Европа, е во процес на изготвување препорака за СЛАПП, која треба да биде објавена до крајот на 2023 година. стекстот беше објавен во април 2023 година, и истиот беше отворен за јавни консултации. На состанокот на Комитетот закажан за 17-18 октомври 2023 година дополнително ќе се дискутира на темата.

Комитетот се состој од седум претставници/чки од државите членки, назначени од страна на Управниот одбор за медиуми и информациско општество (CDMSI), и шест независни експерт(к)и избрани од Генералната Секретарка на Советот на Европа. Меѓу нив е и г-дин Драган Секуловски, Извршен директор на Здружението на новинари на Македонија.

За да им се овозможи на сите заинтересирани страни одблизу да го следат овој процес, достапен е превод на нацрт текстот на препораката на македонски јазик . Преводот е изработен во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“, односно проектот „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“.

Нацрт препораката ги третира важноте теми за борба против СЛАПП, и истовремено дава клучни препораки за државите членки за да се обезбеди заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите.

Скопје, Северна Македонија 29 септември 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page