Back Студенти по право во Северна Македонија ги зголемија нивните познавања за бесплатна правна помош во кривични постапки

Студенти по право во Северна Македонија ги зголемија нивните познавања за бесплатна правна помош во кривични постапки

Со цел да се продлабочат познавањата на студентите во областа на бесплатната правна помош во кривични постапки, на правната клиника за кривично право, при Правниот факултетот „Јустинијан Први‟ во Скопје, Северна Македонија, се одржа предавање на оваа тема. Деветнаесет студенти по право дискутираа и ги истражуваа суштинските аспекти на бесплатната правна помош во кривични постапки, под водство на консултантот на Совет на Европа, Виктор Захариа. 

На предавањето беше нагласено основното начело дека лицето кое е задржано, уапсено или обвинето за кривично дело мора да има пристап до правна помош во сите фази од постапката.  Почнувајќи од првичниот распит во полициска станица до крајните фази во повисоките судови, правото на правен застапник е неприкосновено. Захариа, повикувајќи се на своето огромно искуство како Претседател на Националниот совет за бесплатна правна помош загарантирана од државата и како член на Комитетот за превенција од тортура (КПТ), ги појасни меѓународните стандарди и најдобри практики.

Освен тоа, сесијата даде можност за интерактивен дијалог меѓу студентите околу формирањето на единствено тело за раководење со системот за бесплатна правна помош во Северна Македонија. Примерите дадени од успешниот модел во Молдавија послужија како инспирација, прикажувајќи ја можноста за ефикасен, ефективен и отворен систем за бесплатна правна помош, прилагоден на потребите на граѓаните.

Предавањето беше организирано со поддршка на проектот За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонијакој е дел од заедничката програма на Европската унија и на Советот на Европа Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција во соработка со Правната клиника за кривично право при Правниот факултетот „Јустинијан Први‟ во Скопје.

Скопје, Северна Македонија 27 март 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page