Back Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките!

ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ПРАВДАТА ФОТО-НАТПРЕВАР
Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките!

Оваа година, Европскиот ден на правдата ќе биде одбележен со организирање на фото-натпревар под наслов „Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките‟.

Ги повикуваме младите (од 18 до 30 години) од сите региони на Северна Македонија, да земат учество во овој натпревар чијашто цел е да се подигне свеста за важноста на пристапот до правдата за сите, без дискриминација, во согласност со европските стандарди.

Европскиот ден на правдата се прославува секоја година околу 25 октомври. Целта е правдата да се доближи поблиску до граѓаните и граѓанките, тие да се информираат за нивните права и да се промовира работата на Европската унија и на Советот на Европа на полето на пристап до правдата.

Од 2020 година, Европскиот ден на правдата се одбележува во Северна Македонија со отворени настани и останати активности кои се спроведуваат како дел од заедничката иницијатива на ЕУ и на Совет на Европа за подигање на свеста за бесплатната правна помош (БПП).  

Оваа иницијатива е организирана во рамките на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален Инструмент за Западен Балкан и Турција“.

Правила и опис

Пријавување: од 25 октомври до 30 ноември 2023 година

Пријавување: од 25 октомври до 30 ноември 2023 година.

Правила: Со оригинални и креативни фотографии, натпреварувачите треба да ги претстават користа и предноста  коишто еднаквиот пристап до правдата може да ги донесе во сечиј живот. Сите фотографии треба да се испратат со кратко објаснување на македонски јазик. 

Возраст: Натпреварот е отворен за талентирани фотографи-аматери од Северна Македонија, на возраст од 18 до 30 години.

Опис: Се повикуваат натпреварувачи кои ќе ја доловат суштината на правдата преку леќата на фотоапаратот. Ќе се оценуваат креативното толкување на правдата (промовирање на човекови права, демократија и владеење на правото) на младите фотографи, како и соодветните техничко-визуелни аспекти на фотографиите.  Особено се покануваат да учествуваат фотографи кои пренесуваат позитивен и моќен контекст или порака во своите фотографии. Фотографиите ќе се оценуваат и врз основа на релевантноста на нивната порака и нивните уметнички заслуги.

Избор: Процесот на оценување ќе го направи тим за оценување составен од претставници од Советот на Европа, претставници од тимот на Младите Европски Амбасадори во Северна Македонија, како и независни професионалци со соодветно искуство.

Изложба: Сите фотографии кои ќе се квалификуваат ќе бидат изложени за јавноста на почетокот на декември за да се одбележи и Меѓународниот ден на човековите права (точниот датум дополнително ќе се одреди). На изложбата ќе бидат прогласени победниците и ќе бидат доделени сертификати. Победниците на овој фото-натпревар ќе бидат промовирани на каналите на ЕУ/Совет на Европа а победничките фотографии ќе бидат испечатени во форма на постери и ќе бидат дистрибуирани во рамките на иницијативата за подигање на свеста за БПП и ќе бидат користени и понатаму во материјалите на Советот на Европа (извештаи/летоци/студии). 

Како да учествуваш? – Сѐ што треба е да направиш фотографија (по можност да е најмалку 6 мегапиксели и во jpg - формат) и да ја испратиш на следната електронска адреса: DG1.FLA.NM@coe.int. Со испраќањето на фотографијата потребно е да се напишат името, презимето и возраста на авторот, краток опис на фотографијата, како и податоци за контакт. Дозволено е испраќање на максимум три (3) фотографии.

 

 

Овaa иницијатива е спроведена со финансиска поддршка на Европската унија и на Советот на Европа. Нејзината содржина е единствена одговорност на авторот(ите). Изразените ставови во никој случај не може да се сметаат дека го одразуваат официјалното мислење на Европската унија или на Советот на Европа.

 

 

Северна Македонија 25 октомври 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page