Back Љубовта победи на годинешната Парада на гордоста во Скопје!

Љубовта победи на годинешната Парада на гордоста во Скопје!

Под мотото „Спектакуларно непослушни“ се оддржа петтата Парада на гордоста во Скопје, во која учествуваа ЛГБТИ лица, активисти за човекови права, членови на граѓанското општество, претставници на меѓународната заедница и граѓаните на Северна Македонија. Парадата на гордоста е настан што се одржува секоја година во јуни, со цел да се прославува љубовта, разноликоста и да се крене свеста за важноста да се заштитат правата на ЛГБТИ лицата и да се направат повидливи предизвиците со коишто ЛГБТИ лицата се соочуваат.

Парадата на гордоста собра неколку стотина учесници во паркот „Жена борец“ наспроти Собранието. По говорите на неколкумина активистки, Парадата на гордоста го продолжи својот марш низ улиците на Скопје и беше заокружена со забава на „Стадионот на АРМ“ во Градскиот парк.

Помеѓу останатите поддржувачи, овогодишната Парада на гордоста во Скопје беше исто така поддржана од проектот  „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“ како дел од заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ што има за цел да ги поддржи реформите на Северна Македонија и исполнувањето на европските стандарди во поглед на недискриминација и борба против говор на омраза.

 

*слика: Соња Ставрова Кирковски и Виктор Ирвин Иванов

 

Скопје, Северна Македонија 22 јуни 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page