Back Адвокат(к)и од С. Македонија го прошируваат своето знаење во делот на слободата на изразување

Адвокат(к)и од С. Македонија го прошируваат своето знаење во делот на слободата на изразување

Адвокат(к)и од Северна Македонија го проширија своето знаење во делот на клевета, пристап до јавни информации и заштита на новинарските извори, во текот на каскадната обука која се одржа во Маврово, во организација на Адвокатската комора на Северна Македонија, а со поддршка од заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС)“.

Локалната експертка и меѓународниот експерт на Советот на Европа на учесниците/чките им ја презентираа домашната легислатива и Европските стандарди, како и судската пракса на Европскиот суд за човекови права во делот на слободата на изразување. Плодните дискусии кои следеа по презентациите придонесоа за уникатна размена на практични искуства и важни гледишта на начинот на кој може да се примени судската пракса на Европскиот суд за човекови права пред домашните судови.

Адвокат(к)ите кои во текот на нивните кариери работеле на случаи со клевета и/или навреда, ги споделија своите искуства и мислења со останатите колеги/шки. Тие го истакнаа фактот дека со зголемување на бројот на случаи во делот на клевета, расте и потребата од обучени застапувач(к)и во оваа област помеѓу адвокат(к)ите.

Каскаднатите обуки кои ги организира проектот ЈУФРЕКС со правните професионалци/ки обезбедуваат платформа за размена на практични примери и искуства, со што се обезбедува и одржливост и се придонесува кон подобрување на примената на европските стандарди на домашно ниво.

Оваа обука беше организирана во рамки на Договорот за грант со Адвокатската комора на Северна Македонија, а во склоп на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2)“. Овој проект е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“, која им овозможува на корисниците да ги спроведат реформските планови во областите човекови права, владеење на правото и демократијата, и да се усогласат со европските стандарди, вклучително, по потреба, во рамки на процесот на проширување на ЕУ.

Маврово 7 - 8 декември 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page