Back Зачувување на слободата на изразување на медиумите и информирање при олеснување на глобалната здравствена криза

Зачувување на слободата на изразување на медиумите и информирање при олеснување на глобалната здравствена криза

Слободата на изразување и информирање и слободата на медиуимите се клучни за фукнционирање на вистинско демоктратско општество и продолжуваат да бидат и во време на криза. Конкретно, во време на криза медиумите играат клучна улога, во комбинација со зголемена одговорност при обезбедувањето точни, проверени информации на јавноста, и спречување паника и зајакнување на сфаќањето на луѓето за потребните ограничувања и нивна соработка за спроведување на истите.

Пандемијата на КОВИД-19 која се прошири низ светот на почетокот на 2020 година претставува сериозна закана по здравјето, животот и иднината на сите нас. Владите, здравствените власти и огромен број професионалци во Северна Македонија и ширум светот работат за да го запрат ширењето и да ги олеснат ефектите од истото. Како резултат, скоро секој аспект од дневниот живот на билиони луѓе ширум светот се промени. Наоѓањето ефикасен одговор на пандемијата е заеднички врвен приоритет на оние кои одлучуваат, секаде низ светот.

Вонредни мерки се потребни и оправдани во време на криза. Неизбежно сепак, се покренаа прашања за тоа кој степен треба да одат тие мерки и колку долго треба да останат на сила. Зачувување на животот и здравјето е главна цел и државите мора да настапуваат навремено и убедливо во ваква ситуација. А сепак, нивниот одговор мора да биде соодветен на барањата кои ги наметнува ситуацијата во поглед на човековите права и владеење на правото, што е основно обележје на едно демократско владеење. Обезбедувањето навремени информации за ризиците по јавното здравје е клучен елемент како одговор на кризата.

Отворена комуникација и дијалог треба секој пат да бидат овозможени помеѓу локалните и интернационалните владини и невладини организации, медиумските организации, медиумските работници и граѓанското општество за да се обезбеди подобра заштита на човековите права во време на криза.

Обезбедувањето ефективен пристап до информации за јавноста, вклучува два различни аспекти. Од една страна, владите пренесуваат релевантни информации преку навремени прес конференции, извештаи и јавни објави.Од друга страна, медиумската покриеност базирана на независни извори на вести, транспарентни уредничи методи и точни, проверени информации е клучно за едуцирање и информирање на јавноста и на регионално и на локално ниво, и за проучување на мерките преземени за ограничување на кризата, поттикнување ре-евалуација и редовно прилагодување во согласност со промената на потребите.

Квалитетно, одговорно новинарство, кое вклучува длабинско научно истражување од страна на научно-ориентирани новинари, е клучно за свесна и добро информирана јавност која ќе биде способна за критичко размислување. Дополнително, со изобилие на проверени информации ефикасно се бориме против гласините, погрешните информации и дезинформациите кои може да водат до непотребна паника.

Додека медиумите се одговорни за да ја покриваат кризата колку што е можно поточно и понавремено, самите новинари се под влијание на кризата додека остануваат да известуваат од прва борбена линија. Да се имаат достапни совети од експерти кои се однесуваат на известување за пандемијата, како и соодветна медицинска заштита од ризици поврзани со КОВИД-19 е од огромно значење за извршување на нивната работа.

Во рамки на проектот Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС). ЈУФРЕКС е дел од „Хоризонталната програма за Западен Балкан и Турција II”, иницијатива за соработка ко-финансирана од Европската Унија и Советот на Европа, имплементирана од страна на Советот на Европа, со цел да им помогне на корисниците да ги исполнат агендите за реформи во делот на човекови права, владеење на правото и демократијата и да се усогласат со стандардите на Советот на Европа и рамките на процесот на проширување на ЕУ, онаму каде што е тоа применливо.

Дознајте повеќе за проектот на следниот линк.

Скопје 21 септември 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page