Back Националното координативно тело во Северна Македонија дискутираше за новиот Закон за вештачење и неговото влијание врз функционирањето на системот за бесплатна правна помош

Националното координативно тело во Северна Македонија дискутираше за новиот Закон за вештачење и неговото влијание врз функционирањето на системот за бесплатна правна помош

Тринаесеттиот состанок на Националното координативно тело за спроведување на Законот за бесплатна правна помош (НКТ) се одржа во Скопје за да дискутира за напредокот и за важните предизвици во однос на спроведувањето на Законот за бесплатна правна помош во Северна Македонија.

Организиран во рамките на континуираната поддршка која ја даваат ЕУ и Советот на Европа за подобрување на услугите за бесплатна правна помош за граѓаните и граѓанките на Северна Македонија, на настанот се собраа околу 36 учесници од клучните институции во областа на бесплатната правна помош, вклучувајќи ги Министерството за правда и неговите подрачни одделенија  (ПО), Адвокатската комора, адвокати, граѓански здруженија (ГЗ) и правни клиники овластени да даваат бесплатна правна помош. Дополнително, 25 учесници се поврзаа онлајн.

Присутните на состанокот беа поздравени од Државниот секретар на Министерството за правда, г-дин Мухамед Точи, Раководителот на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, г-дин Олег Солдатов и претставничката на Делегацијата на Европската унија во Скопје, г-а Марциа Палота. Тие ја нагласија важноста на работата на Националното координативно тело како важен механизам за соработка и координација којшто осигурува подобрен пристап до правдата за граѓаните и граѓанките преку подобрување на соработката меѓу институциите.  

Членовите на НКТ дискутираа за неодамнешното донесување на новиот закон за вештачење и за трансформацијата на Бирото за вештачење во Биро за процена и влијанието што ќе го има на секундарната правна помош што се одобрува во согласност со законот за бесплатна правна помош. Во таа насока, учесниците се согласија дека се итно потребни измени во законот за бесплатна правна помош со цел да се подобри функционирањето на системот за БПП. 

Учесниците се согласија и Министерството за правда да основа работна група која веднаш ќе почне да работи на амандманите на Законот за бесплатна правна помош.

Дискусијата на состанокот се фокусираше и на модели за интегрирање на медијацијата и на алтернативното решавање на спорови во националните системи за бесплатна правна помош, во согласност со најдобрите стандарди во ЕУ.  Г-дин Виктор Захариа, меѓународен консултант на Советот на Европа и Претседател на Одборот за бесплатна правна помош во Молдавија ги презентираше спецификите и предизвиците во системот за бесплатна правна помош во Молдавија.  

Националното координативно тело ќе продолжи со својата работа и својата посветеност на постигнување подобра координација и комуникација меѓу главните чинители во системот за бесплатна правна помош во иднина. Капацитетите на НКТ и натаму ќе се зајакнуваат со цел да стане целосно само-одржливо во иднина.

Проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“  е дел од програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III“, заедничка програма на Европската унија и Совет на Европа, имплементирана од Совет на Европа.

Скопје, Северна Македонија 27 септември 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page