Back Национален настан за дополнување на обуката за обучувачи на тема слободата на изразување и интернет

Национален настан за дополнување на обуката за обучувачи на тема слободата на изразување и интернет

Во соработка со македонската Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ беше организиран дводневен настан во рамки на заедничкиот проект „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX)“ ко-финансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа а имплементиран од страна на Советот на Европа.

Активноста беше продолжување на Обуката за обучувачи одржана во февруари 2017 година под проектот JUFREX со цел зајакнување на знаењата на учесниците во поглед на слободата на изразување и интернетот. Оваа национална активност – дополнување на обуката за обучувачи, беше одржана на 28 и 29 септември 2017 година во Скопје, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители.

Судии од неколку судови во земјата, правници и претставници на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, беа помеѓу учесниците на активноста. Обуката беше водена од страна на меѓународен консултант, Г Арајик Газаријан и воедно подржава и од страна на национален консултант, Г Лазар Сандев – адвокат.

„Ставовите тука искажани не може на ниеден начин да бидат протолкувани како официјално мислење на Европската Унија“

Скопје 28-29 септември 2017
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page