Back Новите измени во Законот за бесплатна правна помош усвоени од Собранието на Северна Македонија

Новите измени во Законот за бесплатна правна помош усвоени од Собранието на Северна Македонија

На 17 September 2024 г.,  Собранието на Република Северна Македонија ги усвои измените и дополнувањата на Законот за бесплатна правна помош (ЗБПП) со цел подобро усогласување со Законот за вештачење. Овие измени ги вклучуваат сите препораки од Советот на Европа наведени во документот изработен во рамките на проектот за БПП. Очекувањата се дека со ова ќе се решат заостанатите предмети и ќе се осигури пристап до правдата за граѓаните.

Овие измени беа неопходни и итни бидејќи по донесувањето на Законот за вештачење во 2023 година, Бирото за судски вештачења престана да прави вештачења и многу случаи за бесплатна правна помош останаа заглавени во судовите. Измените сега јасно ги дефинираат субјектите надлежни за изработување вештачења за предмети за кои е одобрена бесплатна правна помош како и начините на кои тие се избираат/назначуваат.  Исто така, се регулираат и следните процедури:

  • Изготвување на стручни наоди и мислења;
  • Сведочење во судска постапка во случаи со бесплатна правна помош ;
  • Исплаќање на надоместоци и трошоци на судските вештаци.

Проектот “За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија” ќе продолжи да им помага на властите  и на локалните засегнати страни во процесот на обезбедување на ефикасно, пристапно и професионално давање на услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија, во согласност со европските стандарди и најдобри практики. Проектот, исто така, ќе го поддржува Министерството за правда во втората фаза од измените на Законот за бесплатна правна помош планирани за следниот период.  Проектот е дел од „Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција‟, заедничката програма на Европската унија и на Советот на Европа и е имплементиран од Советот на Европа. 

Скопје, Северна Македонија 19 септември 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page