Back Новите технологии и нивното влијание врз трговијата со луѓе - тема на дискусија на клучните чинители во Северна Македонија

Новите технологии и нивното влијание врз трговијата со луѓе - тема на дискусија на клучните чинители во Северна Македонија

Новите технологии им овозможуваат на трговците со луѓе да врбуваат и експлоатираат жртви, додека истовремено создаваат можности за агенциите за спроведување на законот да ги употребат за да го превенираат и сузбијат ова злосторство. Во април 2022, Групата на експерти за акција против трговијата со луѓе (ГРЕТА) на Советот на Европа објави  извештај за он-лајн трговија со луѓе потпомогната од технологијата. Со неа е направена длабинска анализа за тоа како информативните и комуникативните технологии (ИКТ) влијаат врз борбата против трговијата со луѓе, заснована врз докази кои се ситематски собрани од државите кои ја ратификувале Конвенцијата за акција против трговија со луѓе, од невладиниот сектор и компаниите за технологија.

Земајќи ги во предвид неодамнешните случаи на трговија со деца потпомогната од ИКТ, кои беа откриени и за кои се водеше истрага во Северна Македонија, проектот на ЕУ и Совет на Европа “Јакнење на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија„ ја препозна потребата за подлабоко согледување на злоупотребата на ИКТ од страна на трговците со луѓе за врбување на жртви, вклучително и деца, како и за проактивна употреба на новите технологии за превенција и борба против трговијата со луѓе. Во оваа рамка, проектот го поддржа изготвувањето на “Водич за ИКТ и трговија со луѓе во Северна Македонија” од страна на невладината организација “Импетус”.

Со цел да ги дискутираат наодите од овој извештај, 23 претставници од институциите во Северна Македонија, задолжени за истрага, кривичен прогон, и пресудување на кривичните дела на трговија со луѓе, од невладиниот сектор и меѓународни организации се сретнаа во Скопје.

Постои голема потреба од дигитална писменост за употреба на социјалните медиуми за децата и нивните родители. Децата мора да знаат како да се заштитат за да се спречат он-лајн случаи на трговија со деца.„ - укажа Светлана Цветковска, Коррдинаторка на Националниот механизам за упатување при Министерството за труд и социјална политика.   

Учесниците ја потенцираа потребата за едукативни и информативни активности за ИКТ и трговијата со луѓе, не само за стручните лица од таа област, туку и  за општата јавност, медиумите и посебно децата. Тие сметаат дека е потребна поголема специјализација и технички капацитет за да се следи развојот на технологијата и ефективно да се сузбие ова кривично дело. Меѓународната соработка е фундаментална за ефективно сузбивање на трговијата со луѓе фасилитирана од страна на ИКТ, бидејќи новите технологии им овозможуваат на трговците со луѓе, кои се мотивирани од профит, да допрат до глобалните пазари и успешно да ги сокријат трагите од овој ужасен злочин.

Финалната верзија на Водичот за ИКТ и трговија со луѓе во Северна Македонија ќе им помогне на локалните чинители во процесот на откривање и идентификација на жртвите, врбувани и експлоатирани он-лајн, и ќе придонесе кон подобрена превенција на трговијата со луѓе.

Активноста е организирана како дел на заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа  “Хоризонтална програма за Западен Балкан и Турција”, фаза III.  

Скопје, Северна Македонија 31 октомври 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page