Back Конфискација без осудителна пресуда: онлајн завршен состанок

© Shutterstock

© Shutterstock

На 10 декември 2021 година, Проектот против економскиот криминал во Северна Македонија организираше онлајн состанок на кој се разговараше за финалната верзија на нацрт-правното уредување за конфискација без осудителна пресуда. Во текот на претходните неколку месеци, работна група составена од високи функционери и искусни практичари од различни институции вклучени во борбата против економскиот криминал, поддржана од Проектот против економскиот криминал, работеше на нацрт-правната рамка за воведување на конфискација без осудителна пресуда во земјата. Нацртот беше разгледан од консултант на Советот на Европа, кој на работната група и ги презентираше своите коментари и препораки за подобрување на нацрт-законот. Претставниците на работната група ја оценија дискусијата и препораките за многу конструктивни и корисни и истите ќе ги имплементираат во предлог-законот, кој потоа ќе биде доставен до надлежните органи за следење во согласност со законодавната процедура и усвојување во Собранието.

Оваа активност е организирана и финансирана од Horizontal Facility for the Western Balkans and Turkey фаза II на Советот на Европа и Европската унија.

Онлајн состанок 10 декември 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page