Back Северна Македонија: Адресирање на училишната сегрегација на децата Роми по донесената пресуда на Европскиот суд

Северна Македонија: Адресирање на училишната сегрегација на децата Роми по донесената пресуда на Европскиот суд

На 16 јануари во Скопје, Одделението за образование организираше тркалезна маса „Квалитетно образование за сите“, во соработка со тимот на Роми и Патници и со присуство на Одделението за извршување на пресудите. Настанот се одржа како одговор на пресудата на Европскиот суд: Елмазова и други против Северна Македонија, во која се утврди дискриминација на учениците Роми поради нивната сегрегација во две државни основни училишта во кои составот на паралелките и наставата е претежно составена од деца Роми.

Експерти и претставници од централните и локалните институции, училиштата, Советот на Европа, националните институции за човекови права и граѓанското општество разговараа за конкретните мерки за справување со сегрегацијата во училиштата и за унапредување на интеграцијата на децата Роми во образованието, како и временската рамка потребна за имплементација на истите. Темите за кои се разговараше вклучуваа измени на Законот за основно образование и различни политички мерки со цел превенирање на проблемот. Дискусијата, исто така, се осврна и на препораките за спроведување на пресудата на Европскиот суд на локално и на училишно ниво, како и на сеопфатната програма за обука и мониторинг, фасилитирана од локални консултанти, а насочена кон 25те пилот училишта, вклучувајќи ги и двете училишта засегнати од пресудата.

Дискусиите се фокусираа на одржување на меѓуинституционална соработка во текот на процесот и обезбедување одржливи решенија за спречување на сегрегацијата во училиштата во иднина.

Согласно индикативната програма за работа за 2024 година, Комитетот на министри планира да ја прегледа пресудата за Елмазова и други на состанокот за човекови права во декември 2024 година.

Настанот беше организиран во рамките на проектот „Квалитетно образование за сите – Северна Македонија“, имплементиран од страна на Советот на Европа, а финансиран од Германија. Се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија од декември 2022 до ноември 2025 година.

Скопје, Северна Македонија 16 јануари 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page