Back Северна Македонија подготвува проценка на ризикот за ПП/ФТ на правни лица и правни уредувања

© Shutterstock

© Shutterstock

На 28 март 2022 година, Проектот против економски криминал организираше онлајн средба со претставници на Управата за финансиско разузнавање, органите на прогонот, како и супервизори со цел да се иницира процес на проценка на ризикот од ПП/ФТ поврзан со различните видови правни лица и правните уредувања во земјата. Целта на воведниот состанок беше да се запознаат националните власти со пристапот што треба да се примени при проценката на ризикот, собирањето податоци и неговата анализа со цел да се процени ризикот од злоупотреба на правни лица за перење пари и финансирање тероризам. Проектот против економскиот криминал ќе ги води националните власти низ процесот на проценка на ризикот на правните лица и правните уредувања преку обезбедување совети за инхерентниот ризик поврзан со различни видови правни лица, како и за ранливостите поврзани со процедурата за регистрација и надзорот што ги прави тие правни лица и субјекти особено привлечни за криминалците. Заклучоците за нивото на ризик ќе ја земат предвид и сложеноста на корпоративните структури, нивото на транспарентност на сопственоста и достапноста и пристапот до веродостојни информации за вистинските сопственици на правните лица.

Оваа активност е организирана и финансирана од Horizontal Facility for the Western Balkans and Turkey фаза II на Советот на Европа и Европската унија.

Скопје 28 март 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page