Членовите на Управниот Одбор одговорни за имплементација на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија”, го одржаа состанокот на кој беа оценети постигнувањата во периодот 2019 – 2022 г. и беа дискутирани активностите од претстојната трета фаза 2023 – 2027.
Од мај 2016 г. Владата на Северна Македонија, Советот на Европа и Европската Унија работат заеднички на јакнење капацитетите за спречување и борба против трговијата со луѓе и заштитата на правата на жртвите, согласно Европските стандарди. Проектот се повикува на препораките на Групата на експерти за акција против трговијата со луѓе (ГРЕТА) за Северна Македонија.
Со дополнителни активности ќе се продолжи надградбата на постојните мерки, да се јакне ускладеноста на рамката против трговија со луѓе и да се зголемува ефективноста на мерките за спречување и заштита на жртвите. Проектот ќе продолжи да ја јакне интеракцијата и координацијата со поширок опсег на партнери, вклучително и приватниот сектор, работничките синдикати и жртвите кои преживеале трговија со луѓе.
Проектот „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија“ се спроведува во рамки заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II 2019 – 2022“, која има за цел да им помогне на земјите-кориснички од Југоисточна Европа исполнување на стандардите на Советот на Европа и правото на Европската Унија во рамки на процесот за проширување, онаму каде тоа е релевантно.