Back Партнерите и клучните корисници од областа на антидискриминацијата во Северна Македонија дискутираа за зацврстување на соработката во борбата против говор на омраза и промоција на разноликоста

Партнерите и клучните корисници од областа на антидискриминацијата во Северна Македонија дискутираа за зацврстување на соработката во борбата против говор на омраза и промоција на разноликоста

Унија и Советот на Европа, „Промоција на разноликоста и еднаквоста во Северна Македонија“ се одржа во Скопје, собирајќи на едно место клучни чинители, корисници и партнери за да дискутираат за резултатите, соработката и следните чекори кои имаат за цел дополнително да ја зацврстат борбата против дискриминација и говор на омраза.

Настанот беше отворен од г-ѓа Лејла Дервишагиќ, раководителка за оперативно работење на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, која ги поздрави учесниците и ја истакна важноста да се продолжи одличната соработка со корисниците и Делегацијата на Европската Унија во Скопје и ги истакна клучните постигнувања во изминатиот период. Г-ѓата Сања Фрковиќ - Гелевска од Делегацијата на Европската Унија во Скопје исто така истакна дека ЕУ одблизу ги следи и поддржува сите реформи во областа на недискриминацијата и ја посочи важноста на зацврстување на улогата на институциите во борбата против говор на омраза и дискриминација, како и важноста на јавната свест и механизмите за заштита.

Г-ѓата Светлана Цветковска од Министерството за труд и социјална политика, како еден од главните корисници на проектот, ги презентираше досега спроведените активности и заборуваше за следните активности на Министерството за труд и социјална политика, истакнувајќи ја Стратегијата за еднаквост и недискриминација. Г-ѓа Цветковска ја истакната добрата соработка со проектот, како и фактот дека документите кои произлегоа од соработката дадоа многу добар увид и информации кои се корисни во борбата против говор на омраза и дискриминација.

Г-ѓа Весна Бендевска од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација исто така зборуваше за соработката со проектот, истакнувајќи ги поволностите и заклучоците од средбата помеѓу телата за еднаквост од Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, која се одржа на 4 и 5 април во Скопје, каде телата за еднаквост на трите држави разменуваа добри практики. Таа исто така посочи дека е важно да се продолжи со работа на оваа тема и заеднички да се мапираат најважните потреби во областа.

Членовите на Управниот одбор дискутираа за новите случувања, како промоцијата и спроведувањето на кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“, подготовката на „Прирачник за антидискриминација“ и „Анализа на податоци за говор на омраза и криминал од омраза“, како и изработката на документ со препораки за хармонизација на 13 закони со Законот за спречување и заштита од дискриминација. Членовите на Управниот одбор исто така зборуваа за претстојните тренинзи за антидискриминација и следните активности и разменуваа идеи за тоа како да се зацврсти и прошири соработката за подобар ефект во борбата против дискриминација и говор на омраза.

Проектот „Промоција на различноста и еднаквоста во Северна Македонија“ е дел од „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022“ година, која е заедничка иницијатива за соработка на Европската Унија и Советот на Европа, спроведена од Совет на Европа, која има за цел да ги поддржи партнерите во Западен Балкан и Турција при процесот на прилагодување на стандардите на Совет на Европа и правната регулатива на Европската Унија во рамките на процесот на проширување, онаму каде што е релевантно.

Скопје 11 мај 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page