Back Започнува пилотирањето на Модулот за третман на радикализирани осудени лица во Северна Македонија

Започнува пилотирањето на Модулот за третман на радикализирани осудени лица во Северна Македонија

Пилотирањето на Модулот за индивидуален третман на радикализирани осудени лица започна во КПД Штип со поддршка и советување од страна на консултант на Советот на Европа.

Иницијативата која ќе биде со времетраење од 6 месеци вклучува примена на широк опсег на алатки и механизми за третман на насилни осудени лица кои се екстремисти, кои ќе им помогнат на посветените стручни лица кои работат во затворите да ги идентификуваат знаците на радикализација меѓу затворската популација, да ги проценат потребите на радикализираните осудени лица, да работат на нивно оттргнување од насилство и да ги подготват за отпуст.

Во текот на минатата година работната група која се состои од искусни лица вработени во затворскиот систем и претставници од Управата за извршување санкции беше поддржана од меѓународни консултанти во развивање на Програма за радикализирани осудени лица и насилни екстремисти, заедно со ревидирањето на деталните алатки за скрининг на насилни осудени лица и за проценка на ризикот и потребите.

Активноста е организирана во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, ко-финансиран од страна на Европската унија и Советот на Европа во рамките на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022” која ја спроведува Советот на Европа.

Штип, Северна Македонија 25 септември 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page