На 26-27 септември 2023 година во Скопје се одржа обука наменета за вработените на Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата со цел да се зајакнат капацитетите и сеопфатното разбирање на основите на борбата против перење пари, кои ќе ги користат во нивната секојдневна работа. Ова претставува важна основа за процесот каде што Државната комисија за спречување на корупцијата постапува по извештаи со наоди за перење пари каде што корупцијата се јавува како основно дело.
Обуката за спречување на перење пари, поддржана од ЕУ и Советот на Европа, е од клучно значење бидејќи ги обучува вработените на Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата со соодветни знаења и вештини потребни за ефикасна борба против финансискиот криминал, идентификување на корупција поврзана со финансиски шеми како и начините преку кои може да се обезбеди усогласеност на законите. Преку оваа активност се поддржува Државната комисија во процесот на истражување на корумпирани физички и правни лица поврзани со вршење на јавни овластувања, а истовремено ќе ја поттикне довербата на јавноста и соработката со другите засегнати страни во борбата против корупцијата.
Преку оваа активност беа опфатени од страна на консултантите важни теми од интерес за учесниците, вклучително и основите и согледувањата за перење пари преку споделување на улогите на релевантните организации. За време на состанокот со учесниците беа споделени практични студии на случаи поврзани со злоупотреба на заеми при перење пари и корупциски шеми од страна на политички експонирани лица. Споделеното знаење ќе придонесе за поефикасно откривање на случаите на перење пари.
Оваа активност беше спроведена од Проектот против економски криминал, во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција, кофинансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа и спроведен од страна на Советот на Европа.