Back Регионална онлајн тркалезна маса на тема „Избори, пандемија и дезинформации“

Регионална онлајн тркалезна маса на тема „Избори, пандемија и дезинформации“

Во овие тешки и несигурни времиња, Европската Унија и Советот на Европа се посветени кон давањето придонес на интернационалните и национали дискусии, и на поставување стандарди за слобода на изразување, со што на граѓаните ќе им се обезбедат проверени и точни информации за нивна безбедност и значајно учество во демократските процеси, како што се и самите избори.

Со цел да се одржи редовниот, годишен дијалог помеѓу медиумските регулатори, со поддршка на заедничкиот проект на Европската Унија/Советот на Европа „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа (ЈУФРЕКС)“, на 3 јули 2020 година се одржа регионална онлајн тркалезна маса на тема „Избори, пандемија и дезинформации“.

Патрик Пенинкс, Шеф на Одделот за информатичко општество при Советот на Европа го отвори настанот истакнувајќи ја важноста да се дискутираат наведените теми. Тој наведе дека моменталната санитарна криза доведе до зголемување на дезинформациите што само по себе не само што е ризик по јавното здравје, туку и по демократското фунцкионирање на нашите општества, посебно во насока на одржување слободни и фер избори.

Лиселот Исаксон, Шефица на сектор – Граѓанско општество и социјална инклузија, Регионална соработка и програми за Западен Балкан, ДГ НЕАР, Европска Комисија, ја поздрави соработката на медимските регулатори на тема дезинформации, имајќи ја предвид важната улога која тие ја играат во медиумскиот сектор. Таа исто така ги истакна напорите на ЕУ да ги поддржат стратегиите и активностите кои придонесуваат кон подобрување на ова поле, како што се активностите за зајакнување на соработката преку платформи за споделување видеа, поставени за време на пандемијата.

 

Оваа онлајн тркалезна маса беше можност за размена помеѓу медиумските регулатори и експерт(к)ите од Советот на Европа за активности и одговори на предизвиците наметнати од Ковид-19 инфодемијата, дезинформации на теми поврзани со избори, но исто така и поширока импликација на моменталните трендови и закани по демократските процеси.

 

Еден од заклучоците од овој настан е дека потребна е промена во моделите. Клучните учесници, како што се претставниците/чките на медиумските регулатори и агенциите за заштита на податоци, изборните комисии и бизнис секторот, и во смисла на медиумски институции и посредници, граѓански организации и академици, имаат своја улога кога станува збор за предизвиците поврзани со медиумите и дигиталниот свет за време, но и по избори. Неформална платформа помеѓу овие чинители, доколку е истата придружувана од европски институции за поставување стандарди, би послужила за заедничко промовирање на Европските стандарди во насока на регулирање, етички стандари и ко-регулирање, но и медиумска и информатичка писменост, охрабрување квалитетно новинарство, усогласеност на онлајн платформите и подигање на свеста на тема дезинформации, вклучително и капацитетите на системите на вештачка интелигенција за манипулирање. Информациите споделени на овој настан ќе се искористат како основа за заедничките активности на Европската Унија/Советот на Европа и понатамошна соработка со медиумските регулатору од Југоисточна Европа.

 

Проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа (ЈУФРЕКС)“ е дел од заедничката програма на Европската Унија/Советот на Европа „Хоризонтална програма за Западен Балкан и Турција 2019-2022“. Оваа соработка им овозможува на корисниците да ги исполнат агендите за реформи во делот на човековите права, владеење на правото и демократијата и да се усогласат со Европските стандарди, вклучително и во рамки на процесот за проширување на ЕУ, онаму каде што е тоа применливо.

Skopje 6 July 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page