Back Извештај за трговија со луѓе заради трудова експлоатација

Извештај за трговија со луѓе заради трудова експлоатација

Трговијата со луѓе заради трудова експлоатација е област на фокуса во Поранешната Југословенска Република Македонија и поради тоа се потребни зајакната законска и политичка рамка, како и поголемо вклучување на трудовите инспектори за борба против овој феномен "- рече еден од авторите на Извештајот за трговија со луѓе заради трудова експлоатација, Клара Скриванкова.

Извештајот и упатствата за синдикатите, приватниот сектор и агенциите за вработување беа подготвени од независните експерти Клара Скриванкова и Лазар Јовевски и беа презентирани по повод меѓународниот семинар за трговија со луѓе заради трудова експлоатација на 28 јуни 2017 година.

На семинарот присуствуваа повеќе од 40 засегнати страни, како што се трудови инспектори, социјални работници, претставници од ресорните министерства, невладини организации, приватни компании, синдикати и приватни агенции за регрутирање. Семинарот обезбеди форум за дискусија за учесниците кои го споделија своето искуство во врска со трговијата со луѓе заради трудова експлоатација и дискутираа за наодите и препораките дадени во Извештајот.

На семинарот, учесниците имаа можност да научат повеќе за главните прашања идентификувани од групата експерти за акција против трговијата со луѓе (ГРЕТА) и искуството на Финскиот трудови инспекторат во областа на трговијата со луѓе заради трудова експлоатација. Панел дискусијата ги собра националните претставници од приватниот сектор, синдикатите и приватните агенции за вработување кои информираа за нивните напори за борба против трговијата со луѓе и дискутираа за постојните предизвици.

Семинарот беше организиран во рамките на проектот за хоризонтална помош за спречување и борба против трговијата со луѓе, која е кофинансирана од Европската унија и од Советот на Европа.

Извештај за трговија со луѓе заради трудова експлоатација

 Програма на семинарот

 
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page