Во Скопје се одржаa две обуки за фасцилитаторите и општинската администрација од Северна Македонија, со фокус на за недискриминација и борба против говор на омраза, вклучувајќи и информативна сесија услугите за бесплатна правна помош.
Вкупно 35 учесници од 15 општини, учествуваа на обуката којашто се одржа во рамките на заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа, Хоризонтален инструмент и РОМАКТЕД.
Давид Тасевски, психолог и обучувач за недискриминација, ги запозна учесниците со правата и законските алатки за спречување и заштита од дискриминација, преку дефинирање на стереотипите и предрасудите како корени на појавата на дискриминацијата, како и линијата меѓу слободата на изразување и говорот на омраза како честа појава во општеството. Учесниците преку разгледување на реални примери имаа можност да дискутираат за сите овие прашања преку конкретни примери.
Елена Георгиевска, консултантка на Совет на Европа за бесплатна правна помош, ги сподели со учесниците најважните аспекти поврзани со правата и условите кои произлегуваат од системот за бесплатна правна помош, укажувајќи на сите недостатоци во системот кои треба да се имаат предвид со цел ефикасно користење на правата. Истовремено беа споделени информации за сите даватели на примарна и секундарна правна помош, вклучувајќи ги 34-те подрачни одделенија на Министерството за правда, 15-те овластени здруженија на територија на Северна Македонија и 6-те овластени правни клиники во државата.
Обуките беа организирани како заедничка иницијатива на програмата на ЕУ и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“ и проектите кои се дел од неа, „Промоција на разноликоста и еднаквоста во Северна Македонија" и „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија", заедно со РОМАКТЕД Програмата фаза 2 и организацијата во поддршка РОМАЛИТИКО, во соработка со Министерството за труд и социјална политика - Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.