Back Ревизија на Етичкиот кодекс на јавните обвинители

© Council of Europe

© Council of Europe

На 21 декември 2021 година, Проектот против економски криминал организираше онлајн средба со обвинители, претставници на Здружението на јавни обвинители на Република Северна Македонија, на која беа дадени појаснувања и совети за обезбедување усогласеност на Етичкиот кодекс со важечките основни принципи, националното законодавство и меѓународните стандарди, како што се Европските насоки за етика и однесување на јавните обвинители („Насоки од Будимпешта“) 2005 година (CPGE). Врз основа на дискусијата на состанокот, како и претходното разгледување на Етичкиот кодекс, сите препораки ќе бидат рефлектирани во технички документ, кој ќе го поддржи Здружението во воведувањето на дополнителни измени на Етичкиот кодекс.

Оваа активност е организирана и финансирана од Horizontal Facility for the Western Balkans and Turkey фаза II на Советот на Европа и Европската унија.

Скопје 21 декември 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page