Back 30% повисоки плати за здравствените работници во затворите на Северна Македонија

30% повисоки плати за здравствените работници во затворите на Северна Македонија

Здравствените работници кои работат во казнено-поправните установи во Северна Македонија, сега добиваат 30% повисоки плати, како резултат на додатокот за работа изложена на ризик, кој беше договорен меѓу Министерството за здравство и синдикатот на крајот на 2022 година.

Оваа суштинска промена следи по анализата на правната рамка, изготвена од страна на проектот, како и патоказот за подобрување на здравствената заштита во затворите кој беше договорен во интензивна консултација на Советот на Европа со највисоките владини претставници, Министерството за здравство, Министерството за правда, како и другите чинители. Се очекува ова покачување на платата да ги стимулира дополнително заинтересираните идни здравствени работници во затворите, со што ќе се подобри општиот квалитет на здравствена заштита.

Овој важен чекор се однесува на една од најважните препораки и констатации на извештајот  на Европскиот комитет за спречување на тортурата, извештаите на Европската Комисија, на Народниот правобранител, како и на релевантните граѓански организации. Обезбедувањето здравствена заштита во затворите е идентификуван како критичен проблем, оттука беше во фокусот на овој проект изминатите години и ќе биде покриен во третата фаза на Хоризонталниот инструмент.

 

Ова достигнување следи по обезбедената експертиза во рамките на  проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022”

Скопје декември 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page