Back Втор состанок на националните контакт точки во рамки на кампањатана Советот на Европа – „Новинар(к)ите се важни“ ('Journalists Matter')

Втор состанок на националните контакт точки во рамки на кампањатана Советот на Европа – „Новинар(к)ите се важни“ ('Journalists Matter')

Вториот состанот на Националните контакт точки на Кампањата на Советот на Европа за безбедност на новинар(к)ите – Journalists Matter се одржа во Стразбур на 20-21 јуни 2024 година.

По првиот, почетен состанок на Националните контакт точки во рамки на Кампањата Journalists Matter кој беше истовремено со отпочнувањето на Кампањата во октомври 2023 година, во Рига, овој втор состанок на кој присуствуваа контакт точките се фокусираше на конкретни активности што ќе следат и што имаат за цел да ја подобрат безбедноста на новинар(к)ите ширум државите членки на Советот на Европа.

Состанокот беше во вид на платформа каде националните контакт точки учествуваа во сеопфатен дијалог со Секретаријатот на Кампањата и други релевантни чинители.

Во текот на состанокот, националните контакт точки ги споделија чекорите кои ги имаат преземено на домашно ниво за отпочнување на Кампањата и разговараа за препознавањето на потенцијални области каде се потребни дополнителни активности.

Конкретно, националните претставници/чки ги споделија нивните искуства со отпочнувањето национален процес на консултација за креирање Комитети за Кампањата, како и други структури за оценување на потребите и планирање активности во рамки на Националните поглавја на Кампањата.

Тие беа информирани за можноста да се вклучат во проекти за соработка на тема слобода на медиумите и безбедност на новинар(к)ите преку Одделот за соработка за слобода на изразување.

Кампањата на Советот на Европа за безбедност на новинар(к)ите – Journalists Matter е во координација со Управниот одбор за медиумско и информациско општество (CDMSI) и неговиот Секретаријат, Одделот за слобода на изразување и CDMSI Одделот.

Поддржувајќи ја имплементацијата на Кампањата на Советот на Европа за безбедност на новинар(к)ите – Journalists Matter во Северна Македонија, во рамки на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија“ преведени се на македонски јазик клучни материјали во врска со кампањата, со што Кампањата се очекува да има поголема распространетост на локално ниво. Проектот „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија“ е дел од „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“ ко-финансиран од ЕУ и Советот на Европа, имплементиран од Советот на Европа.

Стразбург, Франција 20 - 21 јуни, 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page