Back Стандарди за превентивни антикорупциски тела, политики и практики, согласно конвенцијата на Обединетите нации (член 5 и 6)

Стандарди за превентивни антикорупциски тела, политики и практики, согласно конвенцијата на Обединетите нации (член 5 и 6)

На 20 декември 2021 година, Проектот против економскиот криминал ги поддржа институциите корисници, Државната комисија за спречување на корупцијата и Министерството за правда, во организирање тркалезна маса на тема „Стандарди за превентивни антикорупциски тела, политики и практики, согласно со Конвенцијата на Обединетите нации против корупција (член 5 и 6)“, како дел од месецот за борба против корупцијата.

Настанот го отвори претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, г-ѓа Билјана Ивановска и Н.Е. Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Северна Македонија. Во своето воведно обраќање г-ѓа Лејла Дервишагиќ, раководител на операции на програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, го потенцираше придонесот на Советот на Европа во борбата против корупцијата преку неговите активности за поставување стандарди, мониторинг и техничка помош. Се разговараше за имплементацијата на членовите 5 и 6 од Конвенцијата на Обединетите нации против корупција, како и важноста на инструментите на Советот на Европа за борба против корупцијата, имајќи го предвид планот подготвен од Министерството за правда по вториот преглед на имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите нации против корупција. Во дискусиите на тркалезната маса учествуваа претставници на донаторски организации, национални власти вклучени во процесот на борба против корупцијата, како и претставници на граѓански организации. Беа истакнати антикорупциските стандарди и пристапот на Советот на Европа во делот на борбата против корупцијата, како и влијанието на Проектот против економскиот криминал во процесот на имплементација на член 5 и 6 од UNCAC.

Оваа активност е организирана и финансирана од Horizontal Facility for the Western Balkans and Turkey фаза II на Советот на Европа и Европската унија.

Скопје 20 декември 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page