Работната група составена од искусни затворски службеници и високи претставници на Управата за извршување на санкции се состана на 20-21 мај 2024 год. во Скопје, каде дискутираше за правната рамка за интервентните единици за затворската полиција. Неодамнешните измени на Законот за извршување на санкции од март 2024 год. воведоа новина, поставувајќи ја основата за овие тимови, кои би ја зголемиле ефикасноста на затворската полиција и зајакнале безбедноста на казнено-поправните установи.
Овој состанок следи по извештајот од оценувачката мисија и е дел од поддршката за спроведување на Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Северна Македонија (2021-25).
Работната група се фокусираше на неколку прашања кои треба да бидат регулирани со правната рамка, вклучувајќи ги надлежностите на овие тимови, командната структура и организацијата, како и механизмите за заштита на човековите права. Имајќи предвид дека воспоставувањето на овие тимови бара подолги и пошироки консултации, работната група одлучи првата нацрт-верзија да се разгледа во иднина и да се вклучат најдобрите практики и препораките на Советот на Европа.
Овој состанок беше организиран во рамките на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција,