Back Поддршка на затворскиот систем на Северна Македонија за справување со пандемијата со COVID-19

Поддршка на затворскиот систем на Северна Македонија за справување  со пандемијата со COVID-19

Како одговор на итноста предизвикана од кризата со COVID-19 и потребата за обезбедување итна поддршка на осудените лица и затворскиот персонал, на 11 мај 2020 година на Управата за извршување на санкциите ù беа доставени вкупно 30 бесконтактни термометри, додека втората испорака од 850 шишиња средства за дезинфекција и 5000 ракавици се очекува да се организира до крајот на мај 2020 г.

Оваа донација е со цел да се поддржат Министерството за правда и Управата за извршување на санциите во нивните заложби за почитување на принципите на КПТ за третманот на лицата лишени од слобода, усвоени на 20 март 2020 година во согласност со упатствата на Светската здравствена организација. Со донацијата ќе им се помогне на властите да ја подобрат заштитата на човековите права и условите за сместување на осудените лица од аспект на кризата со вирусот COVID-19.

Донацијата е спроведена како дел од проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, ко-финансиран од страна на Европската унија и Советот на Европа во рамки на втората фаза од програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција” која ја спроведува Советот на Европа.

Скопје 11 мај 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page