Back Постигнувањата во рамки на регионалната соработка во делот на слободата на изразување и слободата на медиумите тема на дискусија во Црна Гора

Постигнувањата во рамки на регионалната соработка во делот на слободата на изразување и слободата на медиумите тема на дискусија во Црна Гора

На завршната конференција на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа (ЈУФРЕКС)“ учествуваа главните партнери и корисници на проектот. Меѓу нив претставници/чки на правните професионалц(к)и и нивните институции за обуки, медиумските регулатори, медиумите, и академската заедница од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово[1], Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Ардита Абдиу, Раководителка на Одделот за соработка за слобода на изразување во Советот на Европа, и Хилен Францке, Раководителка на Секторот за граѓанско општество, социјална инклузија и развој на човечки капитал, Генерален Директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR), Европска Комисија, пред учесниците/чките ја истакнаа важноста на координираниот пристап и иницијативите за соработка во рамките на регионалниот проект.

Во две паралелни сесии се одвиваа редовните регионални конференции во рамките на ЈУФРЕКС, едната за правни професионалц(к)и и другата за преставници/чки на регулаторите.

На Третата Регионална конференција за правни професионалц(к)и учествуваа судии/јки, обвинител(к)и, адвокат(к)и и претставници на граѓанското општество кои разговараа за трендовите и проблемите во делот на одговорност на медиумите и корисниците за интернет содржини на трета страни постирани на веб страни и платформи. Паралелно со последните случувања во судската пракса на Европскиот суд за човекови права, учесниците/чки разговараа и за влијанијата од пристапот усвоен со Препораката CM/Rec(2022)/16 за борба против говорот на омраза.

Третата Регионална конференција за регулаторите беше на тема механизми за ко-регулација како дел од борбата против штетните содржини онлајн. Претставниците/чките со задоволство ја прифатија оваа тема истакнувајќи ја потребата за дополнително дефинирање на одговорности и надлежности бидејќи домашните законодавства во регионот треба во иднина целосно да ја регулираат одговорноста на платформите за споделување видеа во смисла на контрола на содржина. Иако учесниците/чките се сложија дека транспонирањето 

на Директивата за Аудиовизуелни медиумски услуги од 2018 година ќе ги појасни работите, сепак ја истакнаа потребата од развивање на капацитетите на регулаторите преку меѓусекторски активности, работни посети и подигање на свеста за применливите стандарди во рамки на регионалниот проект.

Завршниот Управен одбор на проектот се оддржа во проширен состав. Членовите на Управниот одбор споделија преглед на резултатите од соработката во рамки на проектот. Неколку говорници/чки ја истакнаа широката примена на локално ниво на обуките на правни професионалци/ки за методологија, алатки и човечки ресурси како резултат од регионалната соработка, и во други делови дополнително на примената во делот на слободата на изразување и слободата на медиумите. Тие исто така ги истакнаа позитивните ефекти од подобрената примена на европските стандарди во домашната судска пракса за слобода на изразување. Претставниците/чките на медиумските регулатори дадоа практични примери за важноста и употребата на знаењето стекнато преку размена со нивните колеги/шки стекнато во рамки на проектот, како и од студиите изработени во тој контекст.

Настаните беа организирани во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“ и регионалниот проект за „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа (ЈУФРЕКС)“.

 

 

[1] Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.

Будва, Црна Гора 20 октомври 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page