Back Одделението за следење на имотна состојба и интереси во Северна Македонија е подобро опремено за управување со ризиците од перење пари и корупција при доделувањето кредити

© Council of Europe

© Council of Europe

Сите членови на Одделението за следење на имотна состојба и интереси на Државната комисија за спречување на корупцијата на Северна Македонија се приклучија на обуката на Проектот против економски криминал на тема „Идентификување, анализа и управување со ризиците од корупција и перење пари при доделување заеми и кредити“ што се одржа на 4-5 јули 2022 година. На обуката, учесниците беа запознаени со најдобрите практики, применливи алатки и корисни пристапи за проценка на ризиците од перење пари и корупција при доделувањето заеми од финансиските институции. За време на обуката се дискутираше и за транспарентноста на корисничката сопственост како корисна алатка за управување со тие ризици, а специфичните ризици релевантни за политичките изложени лица беа презентирани од страна на експертите.

Обуката, предводена од експерт на Советот на Европа, беше надополнета со студии на случај и случаи од реалниот живот од секојдневната практика на Одделението за следење на имотна состојба и интереси. На обуката учествуваше и Народната банка на Република Северна Македонија, како супервизорска институција за финансиските субјекти во земјава, која им даде можност на учесниците да се запознаат со супервизорската улога на Банката поточно во делот што се однесува на корупција и перење пари. Народната банка ја претстави својата методологија за управувањето со кредитните ризици, утврдувањето на поврзаните страни и воспоставувањето лимити на изложеност при доделување кредити, како Кредитниот регистар и неговото функционирање.

Оваа активност е организирана и финансирана од Европската Унија и Советот на Европа “Horizontal Facility for the Western Balkans and Turkey” фаза II.

Скопје 4 - 5 јули 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page