Back 18-ти октомври, Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, одбележан во Скопје

18-ти октомври, Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, одбележан во Скопје

Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, 18 октомври беше одбележан во Скопје со кревање на свесноста за злоупотребата преку интернет, и дводневна обука за обучувачи за поддршка и заштита на децата-жртви на трговија со луѓе. Активностите беа поддржани од заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа

Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и Секторот за еднакви можности на Министерството за труд и социјална политика.

Оваа година, од 8 формално идентификувани жртви, 7 се деца-жртви на трговија со луѓе. Трговците со луѓе го злоупотребуваат интернетот за да остварат профит од модерно ропство. Децата се меѓу најранливите категории на трговија со луѓе.“ – изјави Магдалена Несторовска, Национална координаторка против трговија со луѓе во својата изјава за јавноста до медиумите.

Кампањата за подигање на јавната свест за трговијата со деца, започна во основното училиште Димитар Миладинов, каде г. Несторовска и полицајци разговараа со децата за опасностите од трговијата со деца преку злоупотреба на интернетот, и дистрибуираа едукативни материјали. Таквите материјали ќе бидат дистрибуирани во сите училишта во Скопје.

Министерството за труд и социјална политика е целосно посветено на борбата против трговијата со деца. Децата и понатаму биваат врбувани се помлади и помлади“ – потврди Светлана Цветковска, Раководителка на секторот за еднакви можности во Министерството.

Поддршката на домашните власти и професионалци за заштита и борба против трговијата со деца е една од компонентите на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија“, спроведуван во рамки на програмата „Хоризонтален Инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022. Во 2021 г. проектот разви информативни материјали за трговија со деца и ко-организираше онлајн конференција за заштита на децата од трговија со луѓе и експлоатација во Западен Балкан.

Скопје 18 - 19 октомври 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page