Back Основана мрежата на адвокати и невладини организации за заштита на жртвите на трговија во Северна Македонија

Основана мрежата на адвокати и невладини организации за заштита на жртвите на трговија во Северна Македонија

За првпат во Северна Македонија, со поддршка на ЕУ и Советот на Европа, е основана и започна со работа мрежата за правно советување со цел обезбедување квалитетна правна помош на жртви на трговија со луѓе. Седумнаесет адвокати од Адвокатската комора и претставници на четири невладини организации кои работат на полето на трговија со луѓе, основаа мрежа за правно советување која ќе придонесе за подобар пристап и квалитетна правна помош за жртвите на трговија со луѓе. Нивната соработка ќе се фокусира на поддршка на жртвите за добивање надоместок, но исто така и ќе обезбеди градење на капацитетите на давателите на правна помош. Мрежата исто така ќе придонесе кон напорите за застапување и измените во законската регулатива, како и размената на мислења со колеги од други држави за заедничките предизвици и напорите во борбата со разните форми на трговија со луѓе.

Спречувањето и борбата против трговијата со луѓе има потреба од мулти-дисциплинарна соработка. Оттука, сите составни делови од системот на борба против трговијата со луѓе мора да функционираат беспрекорно со цел да се обезбеди заштита и соодветна правна помош за жртвите на трговија со луѓе, уште од самиот почеток на нивно детектирање и прелиминарно идентификување – изјави Ирена Здравкова, од мобилниот тим за борба против трговија со луѓе од Тетово, кој меѓу останатите услуги, обезбедува примарна правна помош на жртвите на трговија со луѓе

Претседателот на  Адвокатската комора,  Љубомир Михајловски, изрази целосна поддршка за оваа мрежа како и за нејзината важност во процесот на помош на жртвите на трговија со луѓе, и обезбедување на подобра заштита.

Во текот на состанокот, учесниците имаа можност да дискутираат и разменат мислења за важни прашања кои ги засегаат сите, како што се можните начини за олеснување на пристапот до бесплатна правна помош на жртвите на трговија со луѓе, и брзо назначување на адвокати за жртвите.

Оваа иницијатива беше поддржана од проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“  преку кој се обезбедува помош на локалните чинители во процесот на идентификување, заштита и помош на жртвите на трговија со луѓе, согласно европските стандарди. Проектот е дел од заедничката програма не ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален Инструмент за Западен Балкан и Турција“, фаза III.

Скопје 29 ноември 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page