Back Улогата на правната клиника во Штип во давање на услуги за бесплатна правна помош

Улогата на правната клиника во Штип во давање на услуги за бесплатна правна помош

Третиот состанок на Локалното координативно тело за спроведување на законот за бесплатна правна помош се одржа на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип за да се дискутира за напредокот и за важните предизвици во однос на пристапот до правдата за локалната заедница, со особен фокус на ранливите групи.

Организиран во рамките на континуираната поддршка која ја даваат ЕУ и Советот на Европа за подобрување на услугите за бесплатна правна помош за граѓаните и граѓанките на Северна Македонија, на настанот се собраа околу 17 учесници од клучните институции во областа на бесплатната правна помош, вклучувајќи ги подрачното одделение на Министерството за правда во Штип, претставници од локалната адвокатска заедница (адвокати), локални граѓански здруженија (ГЗ), Центарот за социјални работи во Штип, претставници од полицијата, од Основниот суд во Штип и Правната клиника овластенa за давање бесплатна правна помош.

Членовите на ЛКТ во Штип имаа можност да се запознаат со работата на Правната клиника во Штип којашто е овластена да дава примарна правна помош на барателите. Раководителката на Правната клиника, г-а Милица Шутова, ја нагласи отвореноста за соработка и координација со останатите засегнати страни кои даваат бесплатна правна помош на оние на кои им е потребна. Таа ја презентираше работата на Правната клиника и на студентите кои работат на вистински предмети, притоа објаснувајќи ја користа за двете страни: лицата кои се соочуваат со реални правни проблеми и студентите кои имаат придобивки во нивниот процес на учење преку практикување на правото.  

Членовите на ЛКТ од Штип беа информирани за препораките усвоени на Националното координативно тело и ја продолжија дискусијата за  измените на Законот за бесплатна правна помош. За време на состанокот, дискусијата беше фокусирана и на пристапот до правда за деца, на лицата без документи и на жртвите на родово-базирано и семејно насилство.

Локалното координативно тело ќе продолжи со својата работа и посветеност  кон постигнување на подобра координација и комуникација меѓу главните чинители во системот за бесплатна правна помош во локалната заедница.

Проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“ е дел од програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III“, заедничка програма на Европската унија и Совет на Европа, имплементирана од Совет на Европа.

Штип, Северна Македонија 29 септември, 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page