Back Дводневна обука за адвокати и правни професионалци на тема “Слобода на изразување и Интернет„

Дводневна обука за адвокати и правни професионалци на тема “Слобода на изразување и Интернет„

Во рамки на заедничкиот проект „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX)“ ко-финансиран од Европската Унија и Советот на Европа а имплементиран од страна на Советот на Европа, дводневна обука за адвокати и правни професионалци беше организирана во Струга од 16 до 18 март 2018 година. Обуката ја имаше за тема „Слободата на изразување и Интернет„ и вклучи 28 учесници, вклучително и членови на Адвокатската Комора. Оваа активност е трета од овој вид организирана во соработка со Македонското Здружение на Млади Правници.

Обуката беше одржана од страна на двајца експерти: Г-дин Чезаре Питеа, меѓународен експерт на Советот на Европа кој ги обработуваше Европските стандарди и најдобри практики како и судската практика на Европскиот суд за човекови права; и Г-ѓа Ана Дангова Хуг, национален експерт кој ги анализираше домашните постапки и правната рамка.

Обуката помовираше размена на експертиза и мислења кои би требало да помогнат во зголемување на разбирањата на учесниците во поглед на Европските стандарди и практиката на ЕСЧП во областа на слободата на изразување, и да им овозможи да ги применат тие знаења во нивната секојдневна правничка работа.

„Ставовите тука искажани не може на ниеден начин да бидат протолкувани како официјално мислење на Европската Унија“

Струга 16-18 март 2018
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page