Back Заврши младинскиот летен семинар „Борба против дискриминација и говор на омраза“

Заврши младинскиот летен семинар „Борба против дискриминација и говор на омраза“

Образованието и подигањето на свеста кај младите се од суштинско значење во процесот на борба против говорот на омраза и расизмот бидејќи тие играат централна улога во спротивставувањето на наративи на говор на омраза и насилство насочено кон групи! Летниот семинар за борба против дискриминацијата и говорот на омраза, организиран со поддршка на Европската Унија и Советот на Европа, собра во Охрид 16 млади учесници од цела Северна Македонија. Тие имаа можност да дознаат повеќе за главните концепти за антидискриминација и борба против говорот на омраза, како и за концептот на антициганизам, како специфичен облик на расизам насочен кон ромската заедница.

На младите момчиња и девојчиња им беа презентирани и различни алатки кои ќе им помогнат да ги препознаат и оспорат овие концепти. За време на активностите научија како да поднесат претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како да препознаат различни форми на дискриминација, како да забележат говор на омраза и како да заземат став против говорот на омраза користејќи ги достапните механизми на Советот на Европа. Преку конкретни вежби и претставување на најдобрите европски практики за време на семинарот, учесниците дискутираа како да се идентификуваат и адресираат случаите на дискриминација и говор на омраза.

Летниот семинар на тема „Борба против дискриминацијата и говорот на омраза“ беше заеднички организиран од проектите „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“, која е дел од заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ и заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа ROMACTED, фаза II за „Промовирање на добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво“.

Охрид, Северна Македонија 27 - 29 јуни 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page