Back Трет состанок на Советодавниот одбор на проектот „Квалитетно Образование за Сите“ – Северна Македонија, одржан во Скопје на 08 април 2024

Трет состанок на Советодавниот одбор на проектот „Квалитетно Образование за Сите“ – Северна Македонија, одржан во Скопје на 08 април 2024

Третиот состанок на Советодавниот Одбор на проектот Квалитетно Образование за Сите - Северна Македонија се одржа на 08 април 2024 година, што означи значајна активност во нашите постојани напори за унапредување на образовниот систем и промовирање на инклузивноста во целата земја.

Во текот на состанокот, чинителите од релевантните институции се вклучија во квалитетни дискусии. Тие обезбедија повратни информации за напредокот на проектот, со посебен фокус на крајниот нацрт на Извештајот за мапирање за имплементацијата на Стратегијата за Образование 2018 – 2025 година. Овој извештај, кој служи како план за инклузивно и мултикултурно образование, беше резултат на заеднички напор вклучувајќи различни заинтересирани страни, а неговото завршување претставува важен чекор напред.

Една од главните предности што се истакнуваа во текот на состанокот беше зголемената соработка меѓу заинтересираните страни. Преку широки консултации, работилници и презентации, проектот го зголеми чувството на партнерство и заедничко унапредување на квалитетно образование за сите. Активното учество на граѓанските организации, советодавниот одбор, пилот училиштата и локалната самоуправа беше клучно во формирањето на насоките и резултатите на проектот.

Тематската работилница одржана на 16 Јануари 2024 година, со фокус на надминување на сегрегацијата и дискриминацијата, беше особено значајна. Оваа работилница обедини експерти и практичари за да разговараат за владиниот одговор, мерките за надминување на сегрегацијата на Ромите, и имплементацијата на пресудата на ЕСЧП на ниво на заедницата. Заклуцоците и препораките од оваа работилница го оформија нашиот пристап во иднина.

Беше истакната и важноста на почетокот на работилниците за обука на 25-те пилот училишта. Овие работилници, кои се фокусираат на интеграцијата на демократските вредности во наставните програми и праксата, почнаа да ги опремуваат едукаторите со алатки и знаење за креирање на инклузивна образовна средина. Обуките и менторските посети во овие училишта ќе продолжат, надградувајќи се на  моментумот создаден од сесиите на обука.

Во иднина, проектот се подготвува за вториот модул, онлајн сесии со пилот училиштата, предвидени да се оддржат во текот на април и мај. Последните поглавја, вклучувајќи ги оние на лице место и онлајн работилници, се планирани во наредните месеци. Овие активности се со цел за подобрување на капацитетот на образовните институции и за промовирање на инклузивните практики во училиштата низ Северна Македонија.

Духот на соработка и заедничка визија демонстрирани во рамките на третиот состанок на Советодавниот Одбор го потенцираше постигнатиот напредок и предостојниот пат за образованието во Северна Македонија

Советот на Европа, во соработка со националните и локалните владини партнери, како и институциите претставени во советодавниот одбор, ја истакнаа својата посветеност за обезбедување на инклузивно, квалитетно образование за сите индивидуи во Северна Македонија. Проектот „Квалитетно Образование за Сите - Северна Македонија“, имплементиран од Советот на Европа, а финансиран од Германија, се имплементира од Декември 2022 до Ноември 2025 година. Оваа  иницијатива на соработка  ја демонстрира посветеноста на Советот на Европа за унапредување на демократските стандарди во образованието и поддршка на инклузивноста и еднакви можности за сите низ целата земја.


 


 


 

Скопје, Северна Македонија 8 април 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page