Back Обука на персоналот на Одделението за следење на имотна состојба и интереси -ДКСК за анализирање на случаи на корупција

© Council of Europe

© Council of Europe

На 22 и 23 декември 2021 година, Проектот против економскиот криминал организираше дводневна обука на лице место за вработените во Одделението за следење на имотна состојба и интереси при Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Обуката им даде на учесниците совети за показателите за ПП и корупција, длабинска анализа на банкарските извештаи, употребата на финансиските извештаи, инхерентните ризици за злоупотреба на специфични финансиски производи за цели на перење пари и за олеснување на коруптивните практики. Учесниците, исто така, им беа презентирани и практични примери и вежби кои вклучуваат реални случаи отворени од страна на ДКСК, и беа водени низ чекорите за идентификување на потенцијалните активности поврзани со корупција. Овој тип на обука беше многу корисен за персоналот на Одделението за следење на имотна состојба и интереси и значително придонесе за градење на нивните капацитети за таргетирање на прекршоци поврзани со корупција.

Оваа активност е организирана и финансирана од Horizontal Facility for the Western Balkans and Turkey фаза II на Советот на Европа и Европската унија.

Скопје 22 - 23 декември 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page