Back Јакнење на капацитетот на Македонските медиумски регулаторни власти, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Јакнење на капацитетот на Македонските медиумски регулаторни власти, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Прв настан насочен кон зајакнување на капацитетот на Македонските медиумски регулаторни власти, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Два последователни состаноци, вклучувајќи обука и работилница беа оддржани на 27 и 30 јануари 2017 година во Скопје. Состаноците беа потпомогнати од страна на двајца меѓународни консултанти, универзитетски професор од областа на студии по медиуми и комуникации со специјализација во новинарство и правник од Регистарот на судот во Стразбур.

Целта на состаноците беше, за време на првиот ден, да се зголеми знаењето на вработените во Агенцијата во поглед на професионалните новинарски стандарди, а за време на вториот ден, да се подигне свеста во поглед на стандардите за почитување на човековите права и судската практика на Европскиот суд за човекови права во врска со слободата за изразување.

Двата состаноци беа организирани во рамки на заедничката програма „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX)“ ко-финансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа а имплементоран од страна на Советот на Европа.

Скопје 27 јануари 2017
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page