Back Што треба граѓаните и локалните заедници да знаат за начинот на користење на услугите за бесплатна правна помош? Активности за подигнување на свеста организирани во различни општини

Што треба граѓаните и локалните заедници да знаат за начинот на користење на услугите за бесплатна правна помош? Активности за подигнување на свеста организирани во различни општини

Со цел да се информираат граѓаните за бесплатната правна помош  како и да се осигури подобра искористеност и пристап до овие услуги, информативни настани за подигање на свеста, ќе се одржат од 16 јули 2023 – 30 септември 2023, во различни општини во Северна Македонија.

Оваа серија од активности, поддржана од Европската Унија и Советот на Европа во соработка со Министерството за правда, има за цел да го промовира користењето на бесплатната правна помош, со посебен осврт на ранливите категории. Овие промоции ќе допрат до разни локални заедници за да им дадат детални информации на граѓаните за тоа каде и како можат да најдат бесплатна правна помош и кои институции/организации ја даваат.

За време на овие настани, учесниците ќе имаат можност да им постават прашања на експерти од областа и да добијат одговори, како и да добијат лесно разбирливи информативни материјали за конкретните теми за коишто може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи семејно насилство, имотни прашања, дискриминација и социјална заштита, итн.

Информативните активности, организирани во 15 општини во Северна Македонија од 16 јули до 30 септември, ќе ги зајакнат знаењата за БПП меѓу жителите на локалните заедници, но, исто така и меѓу правните професионалци, на тој начин подржувајќи поширок пристап и искористување на овие правни услуги, со особен фокус на ранливите групи, како што се жените, децата и ЛГБТИ заедниците. 

Иницијативата за подигнување на свеста за бесплатната правна помош,  во Северна Македонија се спроведува од 2020 година, и има за цел да ги промовира овие услуги како еден достапен и функционален механизам којшто нуди ефикасна правна заштита на граѓаните и најважно од се, придонесува кој овој процес на осигурување еднаков пристап до правната помош за оние коишто инаку не би можеле да си ја дозволат. Во 2022 година, околу 6,000 граѓани добиле бесплатна примарна правна помош, додека пак секундарна правна помош била одобрена во 231 предмети. Во согласност со официјалните статистики, најголем број од случаевите на БПП се однесувале на предмети поврзани со сопственички права, развод на брак, домашно насилство и заштита на деца.

Овие настани се организирани во рамките на проектот „ За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“ во тесна соработка со Министерството за правда во Северна Македонија и членовите на Националното координативно тело за БПП: подрачните одделенија на Министерството за правда, овластените здруженија на граѓани и правните клиники овластени за давање на БПП. Овој проект е дел од заедничката програма на Европска Унија и Совет на Европа  „Хоризонтален Инструмент III за Западен Балкан и Турција“, иницијатива за соработка која им помага на корисниците од Западен Балкан да се усогласат со Европските стандарди.  

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
Промотивни настани за бесплатна правна помош во
Северна Македонија

Бр.

Општина/рурална област

Датум на микро промоцијата

  1.  

Богданци

16 јули 2023

  1.  

Струмица

17  јули  2023

  1.  

Чешиново и Облешево

17   јули  2023

  1.  

Бревеница и Боговиње

18  јули  2023

  1.  

Штип

21  јули  2023

  1.  

Карбинци

21 јули 2023

  1.  

Валандово

28  јули  2023

  1.  

Гевгелија

28  јули  2023

      9.

Гостивар

Дополнително да се потврди

    10.

Кичево

Дополнително да се потврди

    11.

Берово

Дополнително да се потврди

    12.

Шуто Оризари

Дополнително да се потврди

    13.

Пробиштип

Дополнително да се потврди

    14.

Дополнително да се потврди

Дополнително да се потврди

    15.

Дополнително да се потврди

Дополнително да се потврди

Северна Македонија 16 јули - 30 септември 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page