Back Учењето за историјата на Ромите и Холокаустот над Ромите е денес поважно од кога било порано

Учењето за историјата на Ромите и Холокаустот над Ромите е денес поважно од кога било порано

На 80-годишнината од Европскиот ден за сеќавање на Холокаустот над Ромите, 2 август, генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ изјави:

Стразбур, 01.08.2024 - „Во ноќта помеѓу 2 и 3 август 1944 година, во гасните комори на „Zigeunerlager“ во Аушвиц-Биркенау беа уништени повеќе од 3.000 ромски жени, мажи и деца.

Осумдесет години подоцна, им оддаваме почит на ромските жртви на Холокаустот, поглавје од историјата кое премногу често го занемаруваме. На овој важен ден се сеќаваме на околу 500.000 Роми кои беа прогонувани и убивани од нацистичкиот режим. Со овој чин повторно ја истакнуваме нашата посветеност на борбата против предрасудите и дискриминацијата од сите облици.

Советот на Европа презеде чекори да информациите за Холокаустот над Ромите се најдат во училишните програми и учебници во државите членки. Ова е истовремено и клучна цел поставена во Стратешкиот акциски план за инклузија на Ромите и Патниците (2020-2025). Оваа иницијатива придонесе за промовирање на учењето за севкупната историја на Ромите.

За да ја унапредиме оваа иницијатива, минатата пролет го започнавме двегодишниот заеднички програм на ЕУ и Советот на Европа: „Сеќавање на Холокаустот над Ромите и образование“ (Roma Memory), чија цел е да го унапреди знаењето на јавноста низ Европа.

Покрај тоа, Управниот одбор на Советот на Европа за борба против дискриминацијата, различноста и инклузијата сега може да обезбеди на државите членки, наставниците и едукаторите неколку алатки за подучување за историјата на Ромите и Патниците.

Осумдесет години поминаа од Холокаустот над Ромите. Преживеаните и сведоците на овие злосторства ќе исчезнат од сеќавањето. Вложуваме напори да се спротивставиме на неправдата и да изградиме свет со почит, разбирање и еднаквост. Нека наследството на ромските жртви на Холокаустот нè инспирира да создадеме подобра, поинклузивна иднина.

Стразбург, Франција 2 август 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page