Back Состанок на работната група за усогласување на законодавната рамка во врска со финансирањето на тероризмот во Северна Македонија со меѓународните стандарди

© Shutterstock

© Shutterstock

На 6 октомври 2020 година, Проектот против економски криминал во Северна Македонија на Советот на Европа/Европската унија за Horizontal Facility II организираше онлајн состанок на кој претставници од Управата за финансиско разузнавање, Министерството за правда, универзитетски професори, практичари и претставници на меѓународни организации заедно со консултантот на Советот на Европа разговараа за измената на Кривичниот законик и неговата усогласеност со меѓународните стандарди.

Врз основа на дискусиите и прелиминарниот преглед, консултантот на Совет на Европа ќе даде анализа и препораки за голем број прашања за финансирање на тероризмот.

Проектот против економски криминал во Северна Македонија на Советот на Европа/Европската унија за Horizontal Facility II ќе го поддржи прегледот и ажурирањето на делото за перење пари и финансирање тероризам, како дел од националната работна група за изготвување на новиот Кривичен законик.

Видео конференцоија 6 октомври 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page