Проект против економски криминал во Северна Македонија
Проектот против економски криминал во Северна Македонија (АЕC-MKD) се спроведува во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ која трае од јануари 2023 година до декември 2026 година. Проектот има за цел да го зајакне капацитетот на јавните институции за спречување и борба против економскиот криминал, вклучително и корупцијата, перењето пари и организираниот криминал.
Кои се целите и задачите на проектот?
Општата цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на државните институции за да се обезбеди владеење на правото и владеење преку ефикасно спречување и справување со економскиот криминал, особено корупцијата, перењето пари и финансирањето на тероризмот.
Проектот ќе се фокусира на поддршка на властите во неколку насоки, вклучувајќи:
1. Подобрена правна и оперативна рамка за спречување и борба против корупцијата;
2. Засилени механизми за спречување на ПП/ФТ и
3. Зголемени капацитети на властите за спроведување финансиски истраги.
Проектот ќе придонесе кон решавање на стратешки важните преостанати ранливости, кои влијаат на ефективноста на режимот против ПП/ФТ.
Кој има придобивки од проектот?
Државни институции: Управа за финансиско разузнавање, Државна комисија за спречување на корупцијата, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, надзорни органи, агенции за спроведување на законот;
Со закон обврзани субјекти од приватниот сектор;
Граѓаните на Северна Македонија.
Како функционира проектот?
Проектот се надоврзува на постигнатите резултати и научените лекции за време на имплементацијата на Фазата I и II на Хоризонталниот инструмент преку продолжување на својата поддршка за ефективно спроведување на клучните препораки на механизмите за мониторинг на Советот на Европа: Група држави против корупција (ГРЕКО) и Комитетот на експерти за оцена на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (MONEYVAL).
Проектот ќе усвои повеќестран пристап кој се состои од:
-
давање стручни совети и препораки за подобрување на регулаторните и оперативните рамки;
-
зајакнување на институционалните капацитети за справување со економскиот криминал преку обуки, работилници и други методи за градење капацитети, и
-
зајакнување на меѓуагенциската и меѓународната соработка во справувањето со економскиот криминал.
Што очекуваме да постигнеме?
Проектот има за цел да обезбеди:
-
Подобрени капацитети на јавните институции со цел да се обезбеди владеење на правото и владеење преку ефикасно спречување и справување со економскиот криминал, особено корупцијата, перењето пари и финансирањето на тероризмот. Ова ќе се постигне преку важни мерки, вклучително и подобрена правна и оперативна рамка за спречување и борба против корупцијата, зајакнати механизми за спречување на перење пари и спречување на финансирање тероризам и зголемени капацитети на властите за спроведување финансиски истраги.
-
Се очекува да се постигне намалување на стапката на економски криминал, зголемена транспарентност и отчетност во јавните институции и зајакнување на довербата на јавноста во способноста на владата да се бори против економскиот криминал.
Кој е буџетот на проектот?
Вкупниот буџет на проектот е 835.000,00 евра.
Буџетот доделен за целокупната програма за Хоризонталниот Инструмент изнесува околу 41 милион евра (85% финансирано од Европската унија, 15% од Советот на Европа).
Како до повеќе информации?
Повеќе информации во врска со Проектот против економскиот криминал може да најдете на следните веб-страници:
За Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција
„Хоризонталниот иструмент за Западен Балкан и Турција 2023-2026“ е заедничка иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа што им овозможува на корисниците на Западен Балкан и Турција да ги исполнат нивните реформски агенди во областа на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да се усогласат со европските стандарди, што е исто така приоритет за процесот на проширување на ЕУ.