Кратка содржина

Проектот промовира слобода на изразување и слобода на медиуми во Северна Македонија и придонесува за подобрување на примената на европските стандарди во овој домен. Врз основа на резултатите и искуството од претходната фаза, проектот ќе продолжи да работи со низа актери одговорни за примена на овие стандарди, имено: судии, обвинители, правници, полициски службеници, претставници на регулаторни органи за медиуми, новинари, студенти и други медиумски актери.

Интервенцијата на Советот на Европа за слободата на изразување и медиумите се заснова на холистички пристап, чија цел е вклучување и ангажирање на сите релевантни чинители и засегнати страни во подобрување на примената на слободата на изразување, засновано врз европските стандарди и најдобрите практики. За да се постигне ова, проектот тесно ќе соработува со (1) правни професионалци: Академија за судии и јавни обвинители и Адвокатска комора на Македонија; (2) Регулаторни органи за медиуми - Агенција за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги; (3) Медиумски актери и универзитети - Здружение на новинари на Македонија и Правен факултет и новинарство „Јустинијан Први“, градење на нивните капацитети преку донесување динамична методологија и користење инклузивен пристап со цел генерирање дијалог меѓу различните актери и релевантните чинители.

Оваа проект е дел од програмата на Советот на Европа / Европската унија „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција II”.

Очекувани резултати:

 членовите/членките на судството, експертите/ките по право и полициските службеници/чки се посвесни за подобрување на примената на Европската Конвенција за Човекови Права и судската пракса за слобода на изразување;

 капацитетите на телото за регулирање на медиумите се дополнително зајакнати и консолидирани за подобра примена на овластувањата во поглед на заштита на човековите права и слободата на изразување;

 учесниците во медиумите и релевантните партнери, вклучително и универзитетите и граѓанските здруженија соработуваат и придонесуваат кон средина што овозможува слобода на изразување и слобода на медиумите.

ПУБЛИКАЦИИ

Упатства за заштита на слободата на изразување во време на криза

Информативни документи: почитување на демократијата, владеењето на правото и човековите права во рамки на санитарната криза поврзана со КОВИД - 19

Препорака CM/Rec(2007)15 на Комитетот на министери до земјите членки за мерки кои се однесуваат на медумско покривање изборни кампањи

Препорака Р(97) 20 за говор на омраза 

Дезинформации и изборни кампањи

Алгоритмите и човековите права

Препорака 1807 (2007) на Праламентарното Собрание за Богохулење, верски навреди и говор на омраза против другите лица врз основа на нивата религија

Информативен документ SG/Inf (2020) 19 Влијанието на санитарната криза врз слободата на изразување и слободата на медиумите

Декл. (17/05/2019) Декларација на Комитетот на министри по повод 70 годишнината на Советот на Европа

Препорака CM/Rec(2020)1 од Комитетот на министри до земјите-членки за влијанието на алгоритамските системи врз човековите права

Препорака CM/Rec(2016)4 од Комитетот на министри до земјите-членки за заштита на новинарството и безбедност на новинарите и другите медиумски актери

HELP Интернет курс за заштита и безбедност на новинарите

Онлајн ХЕЛП курс на Советот на Европа за СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

Плурализам во медиумската сопственост во новата медиумска средина

Препорака CM/Rec (2016)4 од Комитетот на министри до земјите - членки за заштита на новинарството и безбедност на новинарите и другите медиумски актери

Водич - како да се заштитат новинарите и другите медиумски актери?

Студијата - Политичко рекламирање: Компаративна студија за состојбите во земјите од Југоисточна Европа

Билтен бр. 2: Најнови случувања во судската пракса на Европскиот суд за човекови права во областа на слободата на изразување 

Tранспарентноста на Собранието на Република Северна Македонија за време на пандемијата со ковид- 19

ВОДИЧ на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за мониторинг на примената на стандардите за известување за случаи на родово засновано насилство во медиумите 

Регулаторните тела за медиуми и медиумскиот плурализам (Регионална публикација)

ЗА ПРОЕКТОТ

Времетраење: 36 месеци (мај 2019 – мај 2022)

Корисници/партнери: Северна Македонија

Финнсирање: Европска унија и Совет на Европа

Буџет: 510 000 ЕУР

*Ова назначување не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на ОБСЕ и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

КОНТАКТИ

Александра Богдановска      Раководителка на проект            + 389 2 3100 322                     контакт

Симона Трајкоска              Проектна асистентка                    + 389 2 3100 325                    контакт