Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција (Хоризонтален Инструмент III)
Што е Хоризонтален инструмент?
Заедничката програма на Европската унија/Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ (Хоризонтален инструмент III) е иницијатива за соработка и еден од резултатите од Изјавата за намери потпишана на 1 април 2014 година од страна на генералниот секретар на Советот на Европа и комесарот за проширување и европска соседска политика на Европската унија, во кои двете организации се согласија дополнително да ја зајакнат нивната соработка во клучните области од заеднички интерес. Програмата е во тек од 2016 година, а третата фаза започна во јануари 2023 година во период од 48 месеци. Третата фаза од програмата (вредна 41 милион евра (85% финансирана од ЕУ, 15% од СЕ) продолжува да се надоврзува на резултатите од претходните фази и ги комбинира активностите специфични за корисникот и регионалните активности. Тоа им овозможува на корисниците да ги исполнат своите реформски агенди во областа на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да се усогласат со европските стандарди, што е исто така приоритет за процесот на проширување на ЕУ.
Темите опфатени со Хоризонталниот инструмент вклучуваат:
• зајакнување на правдата
• борба против корупцијата, економскиот криминал и перењето пари
• промовирање на антидискриминација и заштита на правата на ранливите групи (вклучувајќи ЛГБТИ, малцинствата и Ромите) и
• промовирање и заштита на слободата на изразување и медиумите
Механизмот за координација на експертизата кој обезбедува законодавна експертиза и совети за политики во рамките на системот на Советот на Европа, исто така, останува важен дел од програмата достапна за сите корисници. Хоризонталниот инструмент се потпира на уникатните работни методи на Советот на Европа, при што активностите за техничка соработка прилагодени се засноваат на заклучоци и препораки на мониторинг телата на Советот на Европа ги истакнуваат областите каде што се потребни подобрувања во законодавството и политиките на Корисниците за да се усогласат со договорите и другите стандарди на Организацијата.
Кои проекти на Хоризонталниот инструмент се спроведуваат во Северна Македонија?
Во Северна Македонија во моментов се спроведуваат следните активности:
-
За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија
-
Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија
-
Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија
-
Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)